1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шалке и натаму на врвот

Баерн од Минхен и дефинитивно се збогува со шансите за освојување уште една титула во фубалската Бундеслига . И натаму тесна трка за титулата

Екипата на Вердер заостанува само два бода зад Шалке

Екипата на Вердер заостанува само два бода зад Шалке

Шалке 04 успеја да ја задржи предноста од два поена пред Вердер од Бремен на врвот на табелата , победувајќи го вчера Енерги Котбус на домашен терен со 2:0 . По слабото прво полувреме , тренерот Мирко Сломка имаше добри совети за играчите на полувремето :

Мислам дека потоа во второто полувреме толку многу го засиливме притисокот , што резултираше со голем број шанси кои ни донесоа победа – истакна Сломка по натпреварот.

Вердер во Бремен само еден ден беше на врвот на табелата откако во петокот го совлада Ахен со 3:1 . Штудгарт пак со победата на баерн од Минхен со 2:0 се зацврсти на третото место со четири бода помалку од Шалке значи сеуште со шасни за титулата и поубава предност пред четвртиот Баерн,

Денеска одигревме суверено , игравме тимски , назад добро работевме а напред направивме многу шанси за гол и победивме апсолутно заслужено – задоволен беше тренерот на Штудгарт Армин Фе. За неговиот колега од баерн , Отмар Хицвелд сеуште има шанси Баерн да стигне барем до третото место кое носи директен пласман во Лигата на шампионите :

И покрај тоа не сме потиштени , бидејќи пред нас има уште 4 натпревари 12 поени за освојување . Мораме да победиме во секој од нив и да се надеваме дека Штудгарт ќе киксне еднаш или двапати- истакна Хицвелд. На останатите вчерашни натпревари, Волфсбург загуби дома од Билефелд со 3:2, Франкфурт уште поубедливо беше поразен на домашен терен од Бохум со 3:0 а победа во гости славеше и Борусија од Дортмунд против Херта Берлин. Дома суверено одигра Леверкузен и со два спрема нула го совлада Нирнберг. Денеска играат уште Хамбург против Мајнц и хановер и Борусија Менхенгладбах.

Поврзана содржина