1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шалке директно во ЛШ или сепак не?

УЕФА денеска (14.08) го исклучи украинскиот вицешампион и противник на германскиот клуб Шалке во плејофот на Лигата на Шампионите, Металист Харков од сите нејзини натпреварувања сезонава.

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација УЕФА го суспендираше украинскиот тим Металист од Харков (насловна фотографија), поради учество во местење на натпревари во домашното првенство во 2008 година, од понатамошниот тек на квалификациите за пласман во Лигата на шампиони, но и од сите други нејзини натпреварувања во сезоната 2013/2014 година.

Металист во плејофот за пласман во главната фаза во Лигата на шампиони требаше да се сретне со германскиот преставник Шалке. Украинскиот тим во претходното коло го елиминира грчкиот ПАОК, откако во првиот натпревар во Солун одигра 1:1, а на домашен терен во Харков славеше победа од 2:0.

Откако беше соопштена казната, од УЕФА објавија дека Одборот за итни прашања во најкус можен рок ќе донесе одлука дали Шалке ќе се пласира директно во фазата по групи или во плејофот ќе игра против грчкиот ПАОК, на чија клупа сега се наоѓа тренерската легенда на Шалке, Хуб Стевенс.

Инаку, украинскиот клуб одлуката на УЕФА може да ја обжали пред Судот за арбитража во спортот.

Според жрепката, двомечот меѓу Шалке и Металист требаше да се одигра на 21 и на 27 август. Портпарол на германскиот тим изјави дека Шалке очекува конечна одлука од УЕФА уште во текот на денешниот ден.

Влезот во фазата по групи во Лигата на шампионите на Шалке би му донесла гарантирани приходи од околу 20 милиони евра.