1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шалке ги израдува Германците

Шалке е единствениот германски тим кој обезеди пласман во осминафиналето во лигата на шампионите. Со синоќешната победа против Розенборг од 3:1 тимот од Гелзенкирхен го обезбеди второто место во групата „Б„

default

Фудбалерите на Шалке

Избраниците на тренерот Мирко Сломка во последниот натпревар во групната фаза одиграа одлично против директниот конкурент. Победата од 3:1 беше повеќе од доволна за обезбедување на второто место во групата Б, зад Челзи.

Напаѓачот Кевин Курањи по натпреварот задоволно изјави „Напишавме мала историја со тоа што едноставно за прв пат обезедивме натамошен пласман. Многу сме среќни и се надевам дека Германија забележа дека покрај Баерн Минхен има и други тимови кои можат да обезбедат натамошен пласман„

Вердер Бремен и покрај убедливиот пораз од Олимпијакос од 3:0 обезбеди место во купот на УЕФА. Грците одат натаму. Лацио на македонскиот интернационалец Горан Пандев загуби на гостувањето во Мадрид против Реал со 3:1 и се прости од овогодинешните евронастапи. Место во нокаут фазата синоќа обезбеди и Порто. Останатите натпревари се на програмата вечерва.