1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шалке во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Екипите на Тотенхем и на Шалке изборија пласман во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони по синоќешните дуели против Милан односно Валенсија. Во вторникот пласман обезбедија и Барселона и Шахтјор.

default

Џеферсон Фарфан беше херој на мечот во победата на Шалке

Тотенхем на домашен терен успеа да го издржи притисокот на Милан и во натпревар без голови да се избори за пласман по победата нагости со 1:0 во првиот дуел.

Далеку поинтересно беше во Гелзенкирхен, каде Шалке ја совлада Валенсија со 3:1. Гостите од Шпанија поведоа преку Коста во 17-та минута, а пред крајот на првиот дел израмни Фарфан. Тој беше херој на мечот и во вториот дел, откако најпрво асистираше за водечкиот погодок на Шалке кој го постигна Гаврановиќ, а потоа и го одлучи мечот во судиското надополнување.

Сепак, мечот мина во сенка на случувањата во и околу германскиот клуб. Раководството на Шалке, несфатливо, на денот на мечот

Fussball Champions League Schalke 04 Valencia Felix Magath

Иднината на Магат во Шалке е неизвесна

брифираше неколку германски медиуми дека тренерот Феликс Магат на крајот на сезоната ќе го напушти клубот. Информацијата предизвика поделби и на трибините за време на натпреварот против Валенсија, откако дел од навивачите застанаа во одбрана на Магат, а дел бараа негово заминување, незадоволни поради слабиот пласман на тимот во Бундеслигата.

Самиот Магат, пак, беше изненаден од веста, но тврдеше дека останува во клубот до крајот на својот договор во 2013 година. „Јас во овој клуб не предизвикувам немир. Јас си ја работам својата работа и ќе продолжам да работам до 2013 година“, изјави Магат. Наспротив лошите резултати во Бундеслигата, во негова полза говорат успесите во германскиот куп, каде тимот обезбеди пласман во финалето и успехот во Лигата на шампионите.

Најдобрата осумка се комплетира следната недела

Кој ќе биде следниот противник на Шалке во најквалитетното европско натпреварување ќе биде познато следната недела по одлучувачките реванш дуели во кои во вторник се среќаваат Бајерн - Интер и Манчестер Јунајтед - Марсеј, а в среда Челзи - Копенхаген и Реал Мадрид - Лион.

Во вторникот пласман четвртфиналето обезбедија екипите на Барселона и Шахтјор Доњецк по победите над Арсенал односно Рома.

Fußball Bundesliga - Bayer 04 Leverkusen gegen VfB Stuttgart

Фудбалерите на Бајер вечерва играат против Виљареал

Вечерва на програмата се дуелите од Европа Лигата. Љубителите на фудбалот ќе имаат можност да видат уште едно германско-шпанско дерби и тоа во Леверкузен каде се среќаваат Бајер и Виљареал. Во останатите мечеви, внимание привлекуваат дуелите ПСВ - Глазгов Ренџерс, ЦСКА Москва - Порто и Динамо Киев - Манчестер Сити, а се среќаваат уште и Брага - Ливерпул, Твенте - Зенит, Ајакс - Спартак Москва и Бенфика - ПСЖ. Реванш натпреварите се закажани за 17 март.

Автор: БГ/дв/макфакс

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина