1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шалке во Скопје со Дракслер, Хунтелар...

Германскиот бундеслигаш Шалке најави дека на пријателскиот натпревар со Вардар ќе допатува со најсилниот состав. Натпреварот ќе се одигра на 24 мај.

„ Нема никаков сомнеж дека ќе дојдеме во најсилниот наш состав. Не сме клуб кој би си поигрувал со своето реноме, а и кога прифаќаме гостување тогаш мора да биде на највисоко ниво. Доаѓаме со првиот тим, и сите фудбалери кои се на располагање, нашите некогашни и сегашни репрезентативци  Хилдебранд, Дракслер, Мајер, Холанѓанецот Хунтелар, Бразилците Рафаел и Бастос, потоа Џермејн Џонс, и сите останати. Ќе недостасува Афелај поради повреда на коленото, изјави координаторот за организациска поддршка на тимот од Гелзенкирхен, Патрик Арнолд. Тој нагласи дека Вардар и македонскиот главен град ги нудат сите услови за вистински спектакл.

„ Бев во Скопје во 2004 година кога двата тима се сретнаа во рамките на европските натпревари и од кога стартуваше пријателството на двете навивачки групи, а потоа и на клубовите. Но, мора да признам дека од тогаш условите овде многу се изменети. Гледам дека Скопје и Вардар имаат прекрасен стадион кој, може слободно да кажам, дека има извонредни услови подобри и од поголем број европски стадиони каде сме играле како клуб“, истакна Арнолд. Натпреварот со пријателски карактер меѓу Вардар и Шалке ќе се одигра на 24 мај на арената „Филип Втори“ во Скопје.