1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шалке во осминафиналето на Лигата на шампиони

Во фудбалската Лига на шампионите синоќа беше комплетирано петтото коло, а речиси се познати и сите учесници во осминафиналето.

default

Германски Шалке со убедливата победа од 3:0 над францускиот Лион си обезбеди понатамошен пласман во Лигата на шампиони. Двата тима одат понатаму, откако Бенфика загуби на гостувањето кај Хапоел во Тел Авив. Вердер од Бремен, пак, немаше таква среќа и по поразот од Тотенхем во Лондон од 3:0, извесно е дека нема да игра европски фудбал напролет. Во оваа група и актуелниот европски првак Интер обезбеди пласман во следната рунда откако го совлада Твенте со 1:0.

Во групата Ц, Манчестер Јунајтед дури во финишот на мечот го скрши отпорот на Ренџерси. Стрелец на единствениот гол, од пенал во 87 минута, на стадионот во Глазгов беше повратникот во редовите на Манчестер Јунајтед Вејн Руни. На вториот натпревар во групата, Валенсија на „Местаља“ го торпедираше тимот на Бурса. Валенсија забележа победа од 6:1. Манчестер Јунајтед и Валенсија обезбедија пласман понатаму.

Во Д групата Барселона лесно мина низ Атина победувајќи го Панатинаикос со 3:0. На вториот меч во групата Рубин Казан на домашен терен минимално го победи Копенхаген и ги задржа шансите за пласман во осминафиналето. Барселона е сигурна во оваа група, додека прашањето за вториот патник ќе се решава во последното коло меѓу Копенхаген и Рубин.

Автор: БГ/миа

Редактор: Александра Трајковска