1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шакишвили: за преговори е предоцна

Грузиската опозиција ја отфрли понудата на претседателот на државата Едуард Шеварнадзе за преговори околу повторување на спорните парламентарни и евентуални предвремени претседателски избори. Лидерот на опозицијата Михаил Шакишвили изјави дека сега е доцна за такви разговори. Со тоа тој ја негираше и готовноста што денеска на пладне ја изрази претседателката на грузискиот парламент во досегашниот состав, Нино Бурџанадзе, која во меѓувреме се прогласи и за привремен претседател на државата. "Можеме да водиме дијалог со актуелната власт за свикување предвремени избори" - нагласи Бурџанадзе во Тбилиси.

Шакишвили, меѓутоа, на една манифестација на опозицијата ги повика своите приврзаници на завземање на зградата на Министерството за внатрешни работи и на државната телевизија. "Денеска е денот на конечната одлука" најави Шакишвили. На државната телевизија тој и' префрли за пропаганда во корист на актуелната власт. Подоцна беше објавено дека била постигната спогодба со генералниот директор државната ТВ станица да известува објективно и без коментари.

Германската влада денеска упати апел до спротиставените политички табори во Грузија да се потрудат за изнаоѓање мироно и демократско решение за актуелната криза. Шефот на дипломатијата Јошка Фишер изјави дека владата во Берлин со загриженост гледа на развојот на настаните и побара да биде преземено се' за спречување на насилството. Тој нагласи и дека очекува да бидат испитани сите детали за наводните манипулации на изборите.

Секретарот на парламентарната група на германската Либерална партија, Јирген Копелин, пак, побара од германската влада да му понуди егзил на Едуард Шеварнадзе. "Тоа би било нормално со оглед на се' она што ние Германците му го должиме" - изјави Копелин за