Чуркин бара нова мисија во Белград и Приштина | Вести | DW | 28.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Чуркин бара нова мисија во Белград и Приштина

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин го повика СБ на ОН да испрати нова мисија во Белград и Приштина пред да започнат со разгледувањето на предлог планот за статусот на Косово на специјалниот пратеник Марти Ахтисари. На синоќешните консултации кои беа затворени за јавноста, Чуркин појаснил дека таа мисија би требало да се запознае со актуелната ситуација на теренот и да ги собере сите потребни информации. Седницата на СБ на која треба да започне расправата за идниот статус на Косово се уште не е закажана, но се очекува да биде на почетокот на април.