1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Чудо во Дортмунд

Борусија Дортмунд во драматичен финиш избори полуфинале во Лигата на шампионите. Головите за пресврт беа постигнати во судиското продолжение. Галатасарај му пружи голем отпор на Реал Мадрид, но не успеа.

Со два постигнати голови во судиското надополнување, екипата на Борусија Дортмунд успеа да ја победи Малага и да се пласира во полуфиналето од фудбалската Лига на шампионите. Гостите од Шпанија водеа двапати, а со предноста од 2:1 во 90.минута беа пред „вратата“ на полуфиналето, но германската упорност повторно се покажа како клучна за уште еден неверојатен пресврт и голема радост за навивачите на Борусија. Конечните 3:2 беа доволни „милионерите“ да се пласираат помеѓу четирите најдобри во елитното натпреварување. На првиот дуел одигран во Шпанија резултатот беше нерешен 0:0.

Натпреварот ќе остане запаметен по драматичната завршница, но и по големите грешки на судиската тројка од Шкотска. На паузата меѓу двете полувремиња се замина со резултат 1:1, откако Хоакин ги доведе гостите во водство во 25. минута, а израмни Левандовски во 40. минута.

Првата голема судиска грешка се случи во 82. минута кога Елисеу го постигна водечкиот погодок за Малага од офсајд позиција. Потоа следуваше драмата. Марко Ројс најпрво израмни во 90. минута по еден карамбол во гостинскиот шеснаесетник. По само 60-ина секунди, Борусија направи целосен пресврт, а стрелец беше Фелипе Сантана. И овој погодок беше нерегуларен, затоа што

UEFA Champions League 2012/13 Viertelfinale Dortmund vs. Malaga

Елисеу го прославува вториот гол за Малага

фудбалерите на Борусија на двапати во текот на акцијата се наоѓаа во офсајд позиции.

Тренерот на Борусија, Јирген Клоп по мечот призна дека неговиот тим среќно ја елиминирал Малага.

„Можевме да бидеме елиминирани, но имавме среќа. Го одигравме најлошиот меч во Лигата на шампионите, тоа мора јасно да се каже“, рече Клоп.

Тренерот на Малага, Мануел Пелегрини беше бесен на судиите.

„На крајот како да немаше судии на теренот. Беше целосен хаос, шест или седум прекршоци не беа казнети. Се работеше за синџир на грешки, и нешто ќе мора да се менува“, рече Пелегрини. Сопственикот на Малага, Абдула Бин Насер Ал Тани преку својот Твитер профил оцени „ова не беше фудбал, ова беше расизам“.

Драматично беше и во Истанбул, каде Галатасарај се обидуваше да ја надомести предноста од 3:0 на Реал Мадрид од првиот меч. Задачата изгледаше невозможна откако гостите поведоа преку Роналдо уште во 7. минута. Но Турците се вратија во мечот и преку Ебуе, Снајдер и Дрогба, дојдоа до предност од 3:1. Им беа потребни уште два гола за да ја надоместат предноста, но Реал се покажа пресилен, и на крајот преку вториот гол на Роналдо го обезбеди натамошниот пласман.

Вечерва се играат реваншите во другите две четвртфинални пресметки. Јувентус е домаќин на Баерн Минхен (0:2 прв натпревар), додека Барселона го пречекува ПСЖ (2:2 прв дуел).