1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Чудото наречено Егзит

Од денеска, Нови Сад е местото на кое 600 изведувачи од целиот свет ќе забавуваат околу 200 000 луѓе. Се очекува половината од таа бројка да бидат странци, кои ќе дојдат во Србија за фестивалот Егзит

default

На фестивалот Егзит, кој почнува вечерва во Нови Сад, на 20 бини ќе настапат повеќе од 600 изведувачи од целиот свет. Меѓу годинешните изведувачи се Портисхед, Палп, Џемироквај, Бед рилиџн и други. Во текот на четирите денови на фестивалот, до десети јули, ќе настапат и многубројни имиња од Србија и регионот, како Дарквуд даб, Атеист рап, Џинкс и Лајбах.

На Егзит оваа година ќе се претстават околу 50 здруженија на граѓани од целиот регион во рамките на саемот на активизмот. На фестивалот ќе работат 1 250 волонтери од целиот свет.

Енергијата го влече фестивалот напред

Еден од организаторите на фестивалот, Рајко Божиќ, за Дојче веле изјавува дека многу работи се измениле на Егзит во последните 11 години. „Но, она што остана исто, а што е најважно, е таа енергија која мене всушност ме вовлече во оваа приказна пред 11 години и која и понатаму постои и ги влече сите овие 2 000 луѓе, или веќе колку не има. Тие овде прават чудо, бидејќи ова и понатаму е чудо, на некој начин“, смета Божиќ.

Се променило и тоа, вели Божиќ, што фестивалската конкуренција во Европа во последните пет години е многу зајакната. Тој наведува дека само во Хрватска оваа година се покренати три или четири нови фестивали, а постојат пет големи фестивали на кои доаѓаат луѓе од цела Европа. „Во Шпанија, да речеме, има повеќе од 20 фестивали. Пред пет години, како конкуренција за нашите датуми имавме само два фестивала во Европа, а сега, да речеме, имаме 16. Така што, фестивалската индустрија е всушност еден голем потенцијал и мислам дека еден тежок и возбудлив период е пред нас“, вели Божич.

Сепак, смета тој, Егзит не е само комерцијален музички фестивал.

„Мислам дека Егзит е движење и денес, затоа што ние така го доживуваме и затоа што и понатаму веруваме во таа мисија дека од Србија можеме да направиме место на кое се работи и се забавува, како на местата каде што работите функционираат“, објаснува нашиот соговорник.

Novi Sad Exit Festival Serbien Manu Chao 2008

Ману Чао на Егзит во 2008 година

Србија не простува успех

Градоначалникот на Нови Сад, Игор Павличиќ ги отфрли забелешките дека Егзит ужива претерано повластен статус. Тој наведува дека градот за Егзит годинава издвоил 20 милиони динари и додава дека толку се троши за плати во едно јавно претпријатие месечно.

„Мислам дека малку се работите кои ја претставуваат Србија на вистинскиот начин. Сеуште го имаме Хашкиот трибунал и процесите кои таму се одвиваат и за жал луѓето нас не препознаваат по лоши работи. И, поради тоа - она што е вредно во земјата, тоа треба и да се негува. Во Србија успехот не се простува и тоа е она што е лошо. Мораме да создадеме систем каде што ќе ги промовираме најдобрите работи“, вели Павличиќ.

Се очекува Нови Сад и Егзит да ги посетат околу 200 000 луѓе, од кои половината ќе бидат странци, најмногу од регионот и, традиционално, Британци. Егзит трае до недела, 10 јули, односно до рано наутро во понеделник.

Автор: Динко Грухоњиќ/Александар Методијев

Редактор: Симе Недевски