1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Чудото навистина се случи, Грција е финалист на ЕП

Репрезенатцијата на Грција, постигна историски успех, откако вчеравечер во последните секунди од продолжението на натпреварот со Чешка, постигна сребрен гол и се пласираше во финалето

Огромна радост за Ото Рехагел

Огромна радост за Ото Рехагел

Илјадници навивачи, синоќа излегоа низ улиците на градовите во Грција, за да го прослават историскиот успех на нивните миленици. Трајанос Делас ,буквално во последната секунда од првото продолжение, го постигна сребрениот гол за својата репрезентација, која пред ова првенство, немаше победа на ниту натпревар на големите турнири.

“Бајките секогаш се раскажуваат, но сепак ова беше вистинско чудо, изјави трнерот на грците, германецот Ото Рехагел, според кого чесите технички биле подобри, но неколкуте среќни моменти го однеле неговиот тим во големото финале

“Тоа што го одликува тимот беше повторно покажано, стигнавме до продолжение и имавме доволно сили и со неверојатна страст и желба, играчите ја обезбедија оваа победа“

Финалниот неделен натпревар со домаќинот Португалија, според Рехагел, ќе биде финале од бајките, нив еднаш ги победивме, но тие останаа на турнирот и сега сигурно сонуваат да ни се осветат, аутсајдери сме и нема што да изгубиме, рече грчкиот стратег.

Среќен е и центарфорот Ангелос Каристеас

" Беше извонредна игра и фантастичен гол во последната минута, полседните 30 секунди. Секако со малку среќа, но во фудбалот се е можно. Последна минута а сега сме во финалето“

По којзнае кој пат, се докажа непишаното правило. Чесите речиси цел натпревар ја имаа иницијативата, не реализираа доста шанси, па така на крај разочарани ќе треба да се задоволат со пласман во малото финале, кое во сабота треба да го играат против Холандија.

Грција е најголемото изненадување на првенството која во четвртфиналето ја елиминираше и Франција.