1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Чувство за добар филм

Кино-влезница за 50 денари доколку на благајната се остави пиратска филмска копија, автокино на Водно - ова се додадени вредности на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој почнува денеска (11.11.2010) во Скопје.

default

Фестивалот „Синедејс“ на љубителите на филмот во Македонија во наредните седум денови ќе им понуди можност да видат врвни филмови од европската кинематографија.

Програмата на деветтото издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ содржи шеесетина долгометражни филмови во три селекции: официјална, гала-премиери и Балкан-линк. Како придружни програми се и ревијата на италијанскиот нов филм и музичките документарни филмови. Селекцијата за ова издание на „Синедејс“ е на германскиот филмски работник Берн Будер.

Автокино на Водно

Autokino in Moskau

Автокино

Мотото на „Синедејс“ годинава е „Чувство на добар филм“ и индиректно алудира на штетноста од неконтролираното ширење на филмското пиратство, па во тој смисол секој гледач што на благајната на фестивалот ќе остави пиратска копија од некој филм, наместо да плати 150, билетот ќе го чини само 50 денари. Новина на фестивалот годинава е што пред полноќ, со почеток во 23 часот, на големиот паркинг-видиковец на Водно, на големо платно ќе има автокино, за кое паркирањето (гледањето) ќе биде бесплатно.

Бројни гости од странство

Филмовите од официјалната програма ќе се натпреваруваат за Златната ѕвезда (најдобар филм), Сината ѕвезда (за најдобра режија), а филмовите од Балкан-линк за наградата Златно сонце. Програмата е составена од респектабилни наслови и автори кои изминативе две години ја одбележаа европската кинематографија, пред се‘ со освоените награди на трите најзначајни фестивали - канскиот, берлинскиот и венецијанскиот. За време на фестивалот се очекува да дојдат бројни гости од странство, а со нив се планираат средби, работилници и предавања. За наградите ќе решава тричлено жири во состав: Николас Гастер, монтажер (Мајки, Прашина, Како убив светец, Пред дождот, Месечина), Сањин Пејковиќ, режисер и новинар и Влатко Галевски, филмски критичар.

Автор:СН/БГ/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска