1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Чоколадо со зеленчук и цвеќиња

Новитети од областа на чоколадите, грицките и колачите беа претставени на Меѓународниот саем на слатки во Келн. Околу 1600 производители од 65 земји ги изложија новите производи. Ова се најновите трендови!

default

Докажано е дека чоколадото го подобрува расположението

Германците обожаваат да јадат слатки, а кога нешто е посебно добро, подготвени се и да платат повеќе. Ова добро го знае Холанѓанецот Џером Линдерс. Неговите чоколади се обложени со вистинско злато.

„Пралините се направени од темно чоколадо со седумдесет проценти какао, нежен млечен фил и прелиени се со 23-каратно злато, што може да се јаде“, објаснува Линдерс.

Купувачот треба да изброи 35 евра за едно пакување со девет вакви пралини. Сепак, златната облога е поголемо уживање за очите, отколку за стомакот. „Позлатеното чоколадо е поскапо, но златото нема воопшто никаков вкус“, искрен е Линдерс.

Чоколадо со детелина за среќа

Berliner Pfannkuchen

На саемот секоја година се претставуваат новите трендови во слаткарството

Сабине Кобер, пак, на меѓународниот саем на слатки во Келн претстави темно цветно чоколадо, на пример, обложено со четирилисна детелина. Нејзината рачна изработка чини седум евра. „Се работи за многу софистицирана постапка. Сами ги одгледуваме детелинките и потоа со пинцета ги нанесуваме врз чоколадото. На тој начин убавината на четирилисната детелина доаѓа до израз и чоколадото навистина носи среќа“, вели Сабине Кобер.

Таа на посетителите, сепак, може да им претстави само прототип на нејзините цветни чоколади: „Работиме со вистински цвеќиња, а во февруари нема многу од нив. Се надеваме дека кон крајот на април ќе почнеме да ги доставуваме нашите цветни чоколади“.

Шпаргла и чоколадо?!

Консументите исто така со задоволство купуваат слатки од регионалните производители. Во една мала продавничка во градот Липштат во Вестфалија се роди идејата чоколадото да го збогатат со вкус на шпаргла. Августе Фелдман од пекарницата „Бикерс“ ја објаснува оваа необична идеја: „Прво правиме крем-супа од шпаргла, на која подоцна додаваме лешник и марципан. Значи се` е рачна изработка. Потоа вкусот на шпарглата не е веќе толку доминантен, не доаѓа до израз. Во спротивно чоколадото ќе има вкус на зеленчук.“

Претставени и најкиселите мастики на светот

Erdbeere und Schokolade Symbolbild

Чоколада и јагоди - да, но чоколадо и аспарагус?

Слаткарската бранша, во секој случај, не се концентрира само на квалитетот, туку и на количеството. На пример, слатки спакувани во форма на секакви видови играчки. Кристијан Делонг од производителот ДОК вели: „Ова е лижалка што свети кога ќе го притиснете копчето. Најновото кај нас, пак, се пакувањата во форма на пират, кои потоа можат да служат и како декорација“, објаснува Делонг.

Уште една екстравагантна новина се мастиките за џвакање на американската фирма „Кенди динамикс“. Тие се долги околу половина метар и се многу кисели, можеби најкиселите мастики на светот, вели Лора Кинг, претставник од компанијата. Таа и нејзините колеги се надеваат дека на саемот во Келн ќе успеат да најдат германски партнер, заинтересиран за нивниот производ.