1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Човекови права - изневерени надежи, нереализирани ветувања

60 години по донесувањето на Декларацијата за правата на човекот: состојбата денес е поразителна, констатира во годишниот извештај организацијата Амнести интернешенел. Коментар на оваа тема на Улрике Маст-Киршнинг.

default

Генералниот секретар на Амнести интернешенел Моника Лохбилер со Годишниот извештај за состојбата со човековите права во светот

Застрашувачки биланс е ако во 81-на земја на светот луѓе се изложени на тортура или на недостоинствен, нечовечки третман, како што произлегува од Годишниот извештај на Амнести интернешенел. Ако во исто толку држави се крши медиумската и слободата на говорот, тогаш тоа наведува на заклучок дека политички водачи бескрупулозно сакаат да ја обезбедат својата власт и свесно одобруваат откажување од демократската култура. Ако жените не се почитувани и се дискриминирани во редица држави, тоа не е рамноправност, туку принцип на машка доминација.

На луѓето на целава планета им се потребни влади кои постапуваат веродостојно и одговорно, кои се подготвени, во барање најдобри решенија, да овозможат натпревар според демократски принципи. Оти, глобализацијата одамна го стави човештвото пред нови предизвици: климатски промени, природни катастрофи, загуба на разновидноста на живата природа - со тоа и на основите на животот, растечката сиромаштија, болести...


Потфрлија земји кои треба да предводат во поглед на човековите права



Нивно совладување со фер третман на различните интереси и гарантирање мирен и достоинствен живот на граѓаните би морало да биде цел и поттик за сите влади, па и за Мјанмар, Зимбабве, Пакистан, Судан, Ирак или Авганистан. Такви земји секако полесно би можеле да бидат обврзани, ако држави со предводнички аспирации, како САД, би се откажале од двојниот морал, со што би биле поверодостојни кога од другите бараат почитување на човековите права. И Русија и Кина би морале поконсеквентно да им пријдат на сериозните проблеми што ги имаат во оваа област. Потфрли и во светот фалениот европски систем на човекови права: ниедна европска влада не докажа дека ги преземала бараните мерки за да се исклучи во иднина учество во тајните акции на грабнувања од страна на ЦИА.

Општата декларација за правата на човекот од пред 60 години е надеж и ветување, дадени како резултат на вековни искуства со неправо. Тоа обврзувачко ветување треба да го спроведе меѓународната заедница. Инаку, граѓаните ќе го загубат трпението и довербата во оние кои владеат. Извештајот на Амнести интернешенел е доказ дека граѓанското општество, кое е се’ поактивно насекаде во светот, сега силно бара придржување кон тоа ветување.

►◄