1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Човековите права - тешка мисија

Политиката на Германија на полето на човековите права бележи успеси, но нејзиното влијание е ограничено. Дотолку повеќе е потребно заложба за таа тема и тоа на креативен начин, што не е секогаш лесно.

Човековите права се јасно дефинирани - најдоцна по 1948 година, кога Обединетите нации ја усвоија „Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот“, во која се определени правата кои треба да ги ужива секој човек во светот. Проблемот е во тоа што тие права се се почитуваат секаде.

Во многу делови на светот човековите права се игнорираат или се прекршуваат, во дел дискретно, но и сосема отворено. Речиси 65 години откако тие беа дефинирани со декларацијата на ОН, состојбата со човековите права во светот се’ уште не е добро.

За секого кој се залага за почитување на човековите права, поради тоа покрај етичката димензија се поставува и прашањето: како да се уверат политичарите во државите каде се прекршуваат човековите права, да ги почитуваат?

Почитувањето на човековите права со себе носи и полза

Германија човековите права ги почитува над се’ од пореални причини, појаснува ополномоштеникот за човекови права на владата во Берлин, Маркус Ленинг. Тој додава дека Германија чувствува морална одговорност особено поради историските случувања, но истакнува и дека земја со нејзиното уставно уредување е обврзана на тоа. Ленинг меѓутоа ја истакнува и ползата од почитувањето на човековите права, бидејќи ги подобрува меѓународните односи. Пример за тоа се односите со источноевропските земји по 1989 година: „Да се присетиме на односите со Полска пред 25 години. Денес оваа земја е еден од нашите најблиски пријатели. самиот факт дека во една земја владее демократија, го олеснува одржувањето на тесни и доверливи односи“.

„Мора да соработуваме и со лошите момчиња“

И Имке Дирсен, експерт за човекови права во организацијата Амнести Интернешнл ги истакнува етичките основи за почитување на човековите права. Но и таа упатува на останатите предности, како што е на пример подобрувањето на економските состојби.

Претпријатијата имено повеќе сакаат да дејствуваат во земји во кои постојат рамковни услови на правна држава, вели таа: „Тоа е потребно ако се сака да се вложува ефикасно и во насока на иднината. Затоа и стопанството би требало да биде заинтересирано за почитување на човековите права“.

Во земјите кои не му припаѓаат на политичкиот Запад, детално се набљудува кои резултати со себе ги носи почитувањето на човековите права, бидејќи во Европа тоа со себе донсе и значајни политички ефекти на стабилизација, вели политиколот Еберхард Зандшнајдер. Но и политиката за човекови права во Германија и во други држави од Западот се наоѓа во дилема, бидејќи често мора да се соочи со држави, чии влади имаат сосема поинакви претстави за човековите права, нагласува Зандшнајдер: „Сакале или не, мораме да сораборуваме и со лошите момчиња на овој свет, бидејќи без таа соработка воопшто не би била можна стабилизација на определени региони во светот“.

Поврзана содржина