1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Човековите права на Балканот несоодветни на желбите за евроинтеграција

Ако земјите од Западен Балкан имаат сериозна намера да станат дел од ЕУ, треба да направат напори за состојбата во областа на човековите права да одговара на европските стандарди, гласи извештајот на Хјуман рајтс воч.

Почитувањето на човековите права во земјите од Западен Балкан не одговара со аспирациите на регионот за европска интеграција, се наведува во денеска објавениот годишен извештај за човековите права за 2013 година на организацијата Хјуман рајтс воч.

Во регионот е забележан одреден напредок во судските процеси за воени злосторства. Сепак, послаб напредок е забележан во однос на намалувањето на дискриминацијата и нападите врз ромското малцинство и изнаоѓањето на решенија за исполнување на барањата на бегалците. Хјуман рајтс воч изрази загриженост поради регистрирани случаи на насилство против новинари во 2012 година.

Ако земјите од Западен Балкан имаат сериозна намера да станат дел од Европа, треба да направата напори за состојбата во областа на човековите права да одговара на европските стандарди, изјави Лидија Гол, претставник на Хјуман рајтс воч за Балкан и Источна Европа.

Напредокот во судските процеси за воени злосторства во локалните судови и во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија останува клучно прашање на Хјуман рајтс воч, се наведуав во извештајот.

Организацијата одбележува дека во Босна и Херцеговина минатата година биле изречени пресуди по 13 дела за воени злосторства, додека во мај минатата година во Хашкиот трибунал почна процесот против поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ, а случајот против поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ продолжи во текот на цела година.

Во извештајот на Хјуман рајтс воч се наведува дека Хрватска, исто така, остварила напредок во 2012 година во процесите против воените криминалци, откако локалните судови предадоа дела против 15 осомничени до четири судови за воени злосторства.

Хјуман рајтс воч истакнува дека е остварен одреден напредок и во делата за воени злосторства во Србија и Косово. Организацијата ја истакнува загриженоста во однос на ситуацијата во земјите од регионот, во однос на бегалците и луѓето, кои бараат азил, како и за односот кон децата имигранти без придружба.