1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Членство во НАТО - кој е следниот?

Кон НАТО во меѓувреме припаѓаат речиси сите европски држави. Десет години по големото проширување во моментов во чекалнницата се уште четири држави. Русија на сето ова гледа критички.

Пред десет години Северноатлантскиот сојуз донесе одлука за прием на седум нови земји членки од Источна Европа. Таа беше спроведена во 2004. година. На самитот во 2002. година во Прага тогашниот генерален сектретар на НАТО Лорд Џорџ Робертсон укажа дека новото проширување на НАТО не е насочено против Русија или кои и да се други држави.

Во 1999. година пак Полска, Чешка и Унгарија беа првите три држави кои пристапија кон Алијансата, а кои претходно му припаѓаа да расформираниот Варшавски пакт. „Тогаш на почетокот на 90-тите во најлудите сонови не можевме да си замислиме дека еден ден ќе бидеме членка на НАТО“, рече пред десет години естонскиот премиер Сиим Калас, на самитот во Прага.

Вратите на НАТО остануваат отворени

NATO-Generalsekretär Lord George Robertson in Prag 2002 (mit Gerhard Schröder und Vaclav Havel)

НАТО генерланиот секретар Робертсон на самитот во Прага

Она што Лорд Џорџ Робертсон го најави во 2002. година, дека вратите на НАТО остануваат отворени, го потврди самитот на Северноатлантската алијанса во романскиот главен град Букурешт, кога беше донесена одлуката да им се понуди членство на Украина и Грузија.

Русија меѓутоа сите чекор за проширување на НАТО по 1990. ги критикуваше. Истовремено НАТО и Русија се спогодија на посебно партнерство, имено беше формиран специјалниот орган, Советот НАТО-Русија.

Право на соодлучување меѓутоа Русија нема и немала, вели пратеникот на Бундестагот Карл Ламерс, член на парламентарното Собрание на НАТО. „Транспарентност и дијалог им даваат белег на односите меѓу НАТО и Русија, но право на соодлучување од кој било вид не може и не смее да има, и нема да има. Напротив: во минатото постојано доживувавме Русија да има забелешки. Мислам особено на приемот на балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија. Тоа не доведе до ништо“, изјави Ламерс за Дојче веле. Тој смета дека Русија мора да препознае „дека НАТО не е насочен против Русија, туку е партнер за поголема безбедност и стабилност во светот“.

Во 2008. година Украина исто така имаше амбиции за членство во НАТО, по по изборот на прорускиот претседател Виктор Јанукович, Украина ги откажа плановите на пристап во НАТО.

Три кандидати од Западен Балкан

Во 2009. година Хрватска и Албанија беа примени во НАТО, долго пред да може да станат членки на ЕУ. Критериумите за влез во НАТО се помалку строги отколку оние на Европската унија, меѓутоа кандидатите за членство во Алијансата мораат да бидат етаблирани демократии и да докажат дека имаат цивилна контрола на нивните армии. Освен ова силите за безбедност во одредена мерка мора да ги исполнуваат стандардите на Алијансата.

Mazedonien Gorge Ivanov und NATO Anders Fogh Rasmussen in Brüssel

Македонскиот претседател Иванов со генсекот на НАТО Расмусен

Пред портите на НАТО од Балканот стојат уште и Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Кога овие земји ќе пристапат кон НАТО засега е неизвесно: „Одлуката кога една држава ќе биде примена зависи од напредокот, кој го прават државите.  Тие мора да ги исполнат вредностите, за кои се залага НАТО. Ќе биде погледнат напредокот и тогаш ќе биде донесена одлуката. Конкретен датум нема за ниедна од овие држави“, изјави парламентарецот Ламерс за ДВ.

Критериумите во основа веќе ги исполнува Македонија, меѓутоа нејзиниот прием во НАТО е блокиран со години поради спорот за името.

Србија проблематичен случај

Во 1999. година НАТО водеше војна против Србија, за да заштити луѓе на територијата на Косово, кое тогаш и‘ припаѓаше на Србија. Затоа односите меѓу НАТО и Србија се релативно ладни. Србија, наспроти нејзините соседи на Балканот не сака да му пристапи на НАТО. Никој не може и не сака, се разбира, да ја притиска Србија, вели парламентарецот Карл Ламерс: „Сосема важен предуслов е луѓето да го сакаат тоа. Тоа значи: мора да имаме мнозинска поддршка од населението, дека сакаат да му пристапат на НАТО и да станат негова членка.  За тоа, токму што се однесува на оваа земја (Србија, н.з.) е неопходен подолг процес“.

Северноатлантската алијанса полага вредност на тоа дека можат да бидат примени само држави, кои во Сојузот нема да внесат територијални конфликти. Најпрво значи мора да биде надминат конфликтот меѓу Србија и Косово. Србија, како впрочем и некои членки на ЕУ,  не ја признава независноста на Косово. Во Косово и натаму се стационирани трупи на НАТО.