1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Членството во НАТО зависи од Македонија

Ако владата и опозицијата ги отстранат разликите и се обединат, Македонија може да се квалификува за приклучување кон НАТО,смета американската амбасадорка Миловановиќ.

default

Потребно е единство

Тоа сепак зависи од напорите во земјата. Со ваква писмена порака се огласи американската амбасадорка во Скопје, Џилијан Миловановиќ, по изјавата на премиерот Груевски, дадена неодамна. Груевски рече дека Грција сигурно ќе ги помати сметките, Македонија да биде примена во НАТО, ако не со вето, тогаш со измислени причини. Оваа песимистичка изјава на премиерот Груевски, која во јавноста се третираше како негово алиби, ја предизвика реакцијата на амбасадорката на САД во Скопје, која неодамна беше медијатор во политичките разговори и поединечни дијалози со лидерите на најголемите парламентарни партии.

До владата, но и до опозицијата како да не допираат позитивните проценки за членство во НАТО. Последната оптимистичка проценка, дојде од претседателот на НАТО Парламентот „Спорот со името е билатерален, но никогаш спорот за името не бил поставен како елемент за членството на Македонија во НАТО, кажа во Скопје Хозе Лело претседателот на Парламентарното Собрание на НАТО. Овие стимулации како да не допираат до македонските политички елити, сугестиите од Брисел се манифестираат и околу извештајот на европската комисија.,

Дебатата во Парламентот за него започна,но со нов хендикеп,ДУИ се закани дека нема да гласа зашто не е прифатен како 46-ти закон Законот за јазиците,што треба да се донесе според Бадентеровото мнозинство.

Преку донесување на Законот за јазиците,не само за албанскиот јазик, ќе се создадат флексибилни и релаксирани односи во државата,реагираше во Парламентот пратеникот Незири од коалициската опозициска фракција на ДУИ ПДП.Матоши од владеачкото мнозинство истакна дека ДПА отсекогаш се бори во Македонија да дојдат европските вредности.

Извештајот на ЕК за состојбите во Македонија засега не влијае за смирување на страстите и воведување заедништво меѓу власта и опозицијата во Парламентот, кога се работи за приоритетите на евроатланското приближување.

Денеска од страна на владата немаме мерки,туку една „бла-бла“ резолуција која нема потреба да се усвојува,зашто тоа сето го има и во Декларацијата која е усвоена во македонското Собрание уште во 2003 година,сметаше Јани Макрадули од СДСМ.

Дали генерално има опструкции,дали има блокирање на реформите,дали има бавно движење,да,има,тоа треба сите заеднички критички да го погледнеме,истаква Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзана содржина