1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Членовите на МОК и натаму се подмитливи?

Пред самиот почеток на ЛОИ, “Би Би Си“ се погрижи повторно да биде фрлена сенка врз Меѓународниот олимписки комитет, кој со години мораше да се извлекува од корупцискиот скандал околу доделувањето на организацијата на зимските олимписки игри на Солт Лејк Сити.

Жак Рог, претседател на МОК

Жак Рог, претседател на МОК

Со помош на скриена камера британските новинари забележале повеќе средби со членови на МОК и изјави на лобисти како, ако за тоа има потреба можат да купат гласови за потребната кандидатура, на пример за игрите во 2012 година, за кои германскиот град Лајпциг безуспешно се натпреваруваше

“Само за парите станува збор, точка. Кешот служи за гласови“

Оваа изјава која деновиве беше емитувана на репортажа на телевизискиот канал Би Би Си, ја даде Горан Такач, сопственик на дизајнерска фирма во Белград кои ги советува градовите кои сакаат да организараат Олимпијада. Но неговата советодавна дејност не се состои само од дизајн. Тој помага и околу тоа како еден град може да добие гласови од Меѓународниот олимписки комитет.

Репортерот на "Би Би Си" стапи во контакт со Такач за да испита колку Меѓународниот олимписки комитет и по скандалот со Солт Лејк Сити сеуште е подмитлив. Само за потсетување, кога овој американски град за прв пат се кандидираше со комплетно уредена и нова инфраструктура, Олимпијадата му беше доделена на Нагано.

Поучен од јапонската пракса, Солт Лејк Сити со подмитување, како скапи авионски карти, летувања, естетски оператвивни зафати, вијагра и останати предмети и услуги, со кои сакаше и успеа да ги одоброволи оние кои ја носат одлуката, вкалкулира 15 милиони долари.

"Направивме попис, за време на нашата кандидатура 85% од членовите на МОК дозволија да бидат подмитени на овој начин“

Изјави Макс Велер, адвокат на тимот за кандидатура на Солт Лејк Сити.

"Би Би Си" сега со оглед на кандидатурата на Лондон за 2012, сакаше да види дали после сите етички комисии и истраги, работите денеска се промениле. Но многу бргу се испостави дека со пари се може се. Горан Такач гарантира 15 до 20 гласови и за тоа не бара само хонорар од 900.000 евра туку и дополнителни два до два ипол милиони за останати трошоци.

Унгарецот Габор Комјату смета дека за еден глас се потребни 200.000 евра, тој вкупно може да собере дваесет што значи дека Лондон или некој друг треба да обезбеди 4 милиони. Комјату меѓутоа признава дека по Солт Лејк Сити се станало потешко

“Членовите станаа итри и повнимателни. Мора да се оди по заобиколен пат“

Меѓутоа Такач ги донесе репортерите на Би Би Си до еден од членовите, Бугаринот Иван Славков. Новинарот го запраша дали веќе се одлучил. Не, рече Славков, а на прашањето дали е отворен за преговори одговара потврдно и веднаш си оди, а Такач објаснува:

"Славков од сега нема да се појавува на преговори. Ова беше последна тројна средба. Од сега тој ги уверува нашите пријатели во МОК да прифатат пари до вас, а јас ќе ви кажам точно колку, како и кому"

Славков сега твдри дека на средбата се согласил, за да го разоткрие обидот за подмитување и најавува дека случајот ќе го донесе пред меѓународниот спортски суд.