1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Чист аутсајдер против најдобриот тим во светот

Германските фудбалски тимови во Лигата на шампионите ги добија противниците за осминафиналето. Бајер Леверкузен има неостварлива задача против Барселона, додека Бајерн Минхен ќе мора да биде претпазлив против Базел.

default

Барселона - невозможна мисија за Леверкузен

Руси Фелер, спортскиот директор на бундеслигашот Бајер Леверкузен смета дека неговиот тим по извлекувањето на двојките во осминафиналето на Лигата на шампионите е јасен аутсајдер:

„Играме против бранителот на титулата Барселона и сме чист аутсајдер. Барса е огромен фаворит и најдобра екипа во светот“, изјави Фелер за германската телевизија Скај спорт њуз.

UEFA Champions League FC Bayern München gegen FC Basel

Бајерн Минхен минатат година играше успешно во групата со Базел

„ За гледачите и за нашите млади играчи тоа со сигурност е противник од соништата. Ние мораме да дадеме се’ од себе, се’ што е множно и не сакаме однапред да се предадеме. Секој мора да оди до својот лимит со Барселона да има лош ден. Немаме ништо да изгубиме. Притисокот е сосема мал“.

Румениге: Базел не смее да се потцени

За Бајерн Минхен Базел не смее да биде голема пречка. Барем така очекуваат одговорните во клубот. Меѓутоа швајцарскиот тим се погрижи за сензација во групата во која од натамошните натпреварувања го исфрли минатогодишниот финалист Манчестер Јунајтед.

„Базел не смее да се потцени. Во двата меча мора да играме целосно концентрирано“, изјави претседателот на управниот одбор на клубот Карл Хајнц Румениге. „Јасно е меѓутоа дека ние сме фаворити и имаме убава шанса да се пласираме во четвртфиналето“, рече Румениге.

Пандев патува во Лондон, Тричковски во Лион

Fußball EM 2010 Qualifikationsspiele Mazedonien Slowakei Flash-Galerie

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски (лево) со неговиот Апоел ќе игра двомеч со Лион

Инаку денешната жрепка во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион, донесе и две италијанско - англиски пресметки. Наполи, за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев, за противник ќе го има Челзи, додека Милан ќе игра против тимот на Арсенал.
Вториот македонски претставник во ЛШ, Иван Тричковски со својата екипа АПОЕЛ од Никозија, за место меѓу осумте најдобри во ова натпреварување ќе се бори со францускиот Олимпик Лион. Останатите осминафинални двојки се:
ЦСКА Москва - Реал Мадрид, Зенит - Бенфика и Олимпик Марсеј - Интер.
Првите натпревари ќе се одиграат на 14 и 15 односно 21 и 22 февруари, додека реванш натпреварите на 6 и 7 односно 13 и 14 март следната година.

Автор: Симе Недевски/ дпа/ртр/миа

Редактор: Александра Трајковска