1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Чисти избори за европски имиџ на Македонија

Регуларност, транспарентност и избори без проблеми од Македонија в недела очекуваат и германските политичари. Тие се воздржуваат од големи прогнози, но потсетуваат дека од изборите ќе зависи европската иднина на земјата.

default

Рајнер Штинер

Државниот секретар во германското МНР, Гинтер Глосер уште во февруари по разговорите во Берлин со вицепремиерот Ивица Боцевски, го нагласи значењето на претстојните претседателски и локални избори. Потврдувајќи ги европските перспективи на Западниот Балкан и Македонија тој подвлече: „Значаен е и политичкиот развој на земјата и предзнак за ова ќе бидат токму престојните претседателски и локални избори”.

Проевропски курс

Günther Gloser Staatsminister für Europa in Auswärtiges Amt

Гинтер Глосер, државен секретар во германското МНР

Гласање според европските стандарди очекуваат и германските пратеници во Бундестагот, кои професионално го следат развојот на Македонија. Либералот Рајнер Штинер како и секогаш е директен и конкретен. Според него значајни се две работи. Претседателските и локалните избори да поминат без проблеми, така што на крајот Европската унија да каже Македонија е земја, во која изборите биле одржани демократски, регуларно и законски. Ова според Штинер е многу важно за имиџот на земјата во Европската Унија. Тој се надева и очекува од партиите да се заложат и да покажат проевропски курс. „Според анкетите, води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и очекувам дека тој ќе ја однесе победата”, прогнозира Рајнер Штинер.

Констелација на силите

Социјалдемократот Детлеф Ѕембрицки предупредува дека не смеат да се повторат неправилностите од минатата година, кои го доведоа во прашање натамошниот процес на интегрирање на Македонија во ЕУ. Тој се осврна и на изборот на локалната власт.

Bundestag p178

Дел од пратениците во Бундестагот внимателно го следат изборниот процес во Македонија

„Важно е двете национални групи изборите да ги гледаат како процес на помирување, а не на делба. Има знаци за недостатоци на професионален план. Конкретно, мислам на програмите за локалните избори кои имаат малку заедничко со проблемите со кои се соочуваат општините и градовите. Но, тоа е резултат на недоволното искуство и мора да се има трпение. Инаку, не верувам дека ќе дојде до големи промени во констелацијата на силите во општините. Основната линија ќе остане иста. Интересно ќе биде да се види што ќе прави во иднина актуелниот претседателот, кој нема да остане на функцијата. За статусот на земјата и нејзината европска иднина важно е изборите да минат транспарентно и регуларно и да не се повторат критиките за манипулации и неправилности“, коментира социјалдемократот Детлеф Ѕембрицки.