1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Чешка е приврзаник на проширувањето на ЕУ

Чешка останува силен поддржувач на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија - порача во Скопје чешкиот премиер и претседавач со ЕУ, Мирек Тополанек.

default

Поддршка за Македонија при посетата на Скопје: Тополанек со премиерот Груевски

Пораката за поддршка на Македонија и земјите од Западен Балкан, наспроти скептицизмот кон проширувањето присутен во одредени центри на Унијата, Мирек Тополанек им ја пренесе на одвоени средби на претседателот на државата Бранко Црвенковски и на премиерот Никола Груевски. При тоа претседавачот со ЕУ укажа на важноста на претстојните избори: „Македонија мора да ги исполни основните критериуми, темелно да ги спроведува реформите и овој месец да спроведе избори кои за земјата практично претставуваат поправен испит“ - нагласи Тополанек на средбите во Скопје.

Слушнете ги и другите елементи од неговата порака до македонското раководство во следниот аудио прилог.