1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Чешка: Враќање на одземениот имот на црквата

Долниот дом на чешкиот парламент и покрај опструкцијата на опозицијата синоќа ја усвои одлуката за денационализација на црковниот имот.

Според одлуката на Долниот дом на парламентот, на чешките цркви би им била вратена половина од имотот кој го национализирале поранешните комунисти со финансиска отштета.

Со шестчасовна дебата, опозицијата се обиде да ја спречи одлуката со образложение  дека е лудост во време на криза владата да го враќа имотот во вредност од околу три милијарди евра, а на црквите да им исплати отштета од 2,36 милијарди евра во следните 30 години.

Сумата поради пресметувањето на инфлацијата ќе биде неколку пати поголема.

Државата според усвоениот закон би престанала постепено да им плаќа плати на свештенците од буџетот.

Владејачката коалиција на премиерот Петар Нечас успеа да обезбеди мнозинство од 93 од присутните 182 пратеници за прашањето што во атеистичка Чешка како контроверзно се влечеше цели две децении на транзицијата.

Тоа не беше така во останатите посткомунистички земји кои на почетокот на транзицијата при денационализацијата го враќаа и имот одземен од црквите.

Ккао и при другиот закон кој вчера помина низ Долниот дом на парламентот и покрај противењето на опозиционаталевица, пакетот мерки за стабилизација и штедење со зголемување од еден процент на данокот на додадена вредност, ниту владата ни црктвата немаат причина за славење.

Двата закона поминаа само во Долниот дом, додека во Горниот дом мнозинство има опозиционата левица, па тие тешко ќе поминат без измени.

ЖА/бета