1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Четири чекора поблиску до Европа

Стартот на 2009 година на Македонија и‘ донесува 4 нови т.н. европски закони. На првиот работен ден во новата година стапија на сила неколку правила кои регулираат разни дејности според европските стандарди.

default

Примена на нови правила по европски терк

Најзначајна е можеби промената во пресметките на платите на сите вработени. Од јануари по урнек на државите од Унијата ќе се применува принципот на бруто плата. Во платата ќе се пресметува надоместокот за храна и превоз и вкупната сума ќе претставува основица за плаќање на социјалните придонеси. Со новиот систем нема да може да се исплатуваат плати без да се регулираат придонесите за пензиско и здравствено осигурување.

Македонија ќе се европеизира и со еден еколошки стандард. Голема новина за македонскиот менталитет е законот за забрана на употребата на пластични ќеси во продавниците. Македонија вчера ги испрати во историјата. Причината за тоа ја објаснува Јадранка Икономова, раководител на секторот за ЕУ во Mинистерството за заштита на животната средина. Таа вели дека пластичните кеси претставуват голем дел од отпадот, а тие тешко се разградуваат, дури и до 400 години.

Во маркетите кои работеа вчера (01.01.2008) на првиот ден во новата година луѓето бараа алтернативни начини каде да ја спакуваат купената стока. Носеа платнени торби од дома или бараа хартиени кеси од продавачите. Граѓаните ја поздравуваат забраната и велат дека е тоа е добар почеток во заштитата на животната средина.

100 Jahre Einkaufstüte

Пластичните кеси стануваат минато

Нов начин за плаќање на заостанатите сметки

Новина која најмногу ги исплаши граѓаните е законот според кој сите заостанати сметки за струја, вода, парно, или неуплатени рати за кредит, место преку суд, извршителите по скратена нотарска постапка ќе ги наплаќаат директно од граѓаните и од фирмите. Владата се реши на овој потег за да го растовари судството. Од 650.000 извршни предмети, речиси 80 проценти се тужби за ненаплатени долгови од комуналните претпријатија. Но овој закон поради реакциите во јавноста е одложен на неодредено време.

Поголема безбедност на храната

Essen in Deutschland Schinken Spezialitäten aus dem Schwarzwald

Засилени контроли на храната

Друга крупна новина што стапува на сила е примената на хасап системот. Станува збор за пакет на стандарди што треба да обезбедат поголема безбедност на храната, Казнените одредби по овој закон ќе почнат да се применуваат одложено од мај годинава. Со хасап системот се опфатени сите индустриски капацитети за производство на храна, угостителските објекти, гостилници, кафеани, ресторани, пицерии, ќебапчилници, млечни ресторани, трговци со храна, угостителски објекти во кои се служат само пијалаци, објекти за јавна исхрана, пазарите на овошје и зеленчук.

Со примената на хасап стандардите треба да се намалат ризиците за загадување на храната, за да се спречи појавата на болести и труење со храна.