1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Четири Оскари за „Говорот на кралот“

Филмовите за кралот Џорџ Шести и за шизофреничната балерина доминираа на 83. доделување на Оскарите во Холивуд. Германските претставници, пак, си заминаа со празни раце.

default

Ѕвездите на вечерта: Кристијан Бејл, Натали Портман, Мелиса Лео и Колин Фирт

На најгламурозната вечер во Холивуд, членовите на Американската академија за филмски уметности и наука им беа најмногу наклонети на филмот „Говорот на кралот“ и на актерите Колин Фирт и Натали Портман. Најпосакуваната награда во филмската индустрија, за најдобро филмско остварување на годината, овојпат и‘ припадна на историската драма „Говорот на кралот“.

Статуетката за најдобра главна машка улога соодветно му припадна на Колин Фирт, кој го глумеше кралот Џорџ Шести, додека Натали Портман го освои Оскарот за најдобра главна женска улога во остварувањето „Црниот лебед“.

Natalie Portman gewinnt Oscar als beste Hauptdarstellerin

Изведбата во филмот „Црниот лебед“ и` го донесе првиот Оскар на Натали Портман

При примањето на наградата, Колин Фирт истакна дека е многу возбуден. „Постои опасност да се разиграм пред да се симнам од сцената“, рече тој во театарот „Кодак“.

Возбудата не можеше да ја скрие ниту Натали Портман:

„Би сакала да им се заблагодарам на моите реодители, кои се присутни овде, пред се‘ заради тоа што ми подариле живот, што ми дале можност да работам и секој ден ми давале позитивен пример.“

„Социјалната мрежа“ остана без главните награди

Втората номинација за Мелиса Лео за улогата во филмот „Борец“ и` ја донесе на американската актерка првата статуетка за најдобра споредна женска улога. Кристијан Бејл, номиниран за најдобра споредна машка улога во истоимениот филм, исто така е крунисан со Оскар. „Социјална мрежа“ ја заобиколија главните награди, но во категоријата монтажа и сценарио адаптирано спрема литературно дело, немаше подобри од авторите на ова остварување. „Почеток“ на Нолан ја однесе победата за тон и монтажа на тон. Оскар за оригинално сценарио му е доделен на Дејвид Сајдлер за „Говорот на кралот“, а номинирани беа и Мајк Ли („Уште една година“), Скот Силвер, Пол Тамази, Ерик Џонсон и Кит Дорингтон („Борец“), Кристофер Нолан („Почеток“), Лиза Чолоденко и Стјуарт Блумберг („Децата се добро“). Филмот „Алиса во земјата на чудата“, пак, е награден со два Оскара - за најдобри сценографија и костими.

Автор: ЖА/ТТ/макфакс

Редактор: Трајче Тосев