1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Четири месеци за да се достигнат условите за прием на Бугарија и Романија во ЕУ

Европската комисија одлучи да не пресекува веднаш за датумот за влегување на Романија и Бугарија во ЕУ. Од двете земји се бара да ги удвојат напорите до октомври, за да добијат зелено светло за прием на 1 јануари 2007.

default

„Одлуката која ја донесовме е позитивна. Ние мислиме дека Бугарија и Романија треба да бидат полноправни членки на нашата Унија на 1 јануари 2007, ако ги исполнат условите кои јасно ги образложивме во нашиот извештај. Ние мислиме дека тоа е можно и тоа се посакува. Од нив го бараме последниот напор, по големите и значајни напори кои ги направија досега,“ објасни пред бројните новинари претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

„Нашата цел е да се прифатат Бугарија и Романија како членки во 2007, но ние треба да се осигураме дека тие навистина ги исполнуваат условите“, рече пред европратениците во Стразбур, Оли Рен, Комесарот за проширување. Според Рен, ако проблемите продолжат по нивниот прием, Европската комисија ќе може да ја одложи исплатата на европската помош.

Комисијата е уверена дека Бугарија и Романија ќе можат да ги исполнат условите за овај краток период.

„Има само неколку специфични грижи, посебно во Бугарија со нејзиниот павосуден систем, борбата против организираниот криминал, борбата против корупцијата. Но ние мислиме дека условите кои им ги поставивме за да добијат едно „безусловно ДА“, можат да бидат реализирани, но тоа од нив бара додатни напори“, појасни Баросо.

Датумот за членство може да биде одложен, тоа го предвидува договорот склучен меѓу двете земји, ако тие навистина не се навистина подготвени.

„Датумот за членство не треба да биде ставен во прашање, туку ние треба да ги охрабриме реформите во двете земји“, резимираше Ханс-Герт Петеринг претседателот на групата на Народните партии, водечката политичка група во Стразбур.

Оваа позиција не ја делат сите европратеници, оценувајќи ја како дволична, иако не се сомневаат дека Бугарија и Романија ќе влезат во ЕУ во 2007.

За колидерот на европските Зелени, Даниел Кохн-Бендит двете земји не се подготвени да влезат во Унијата.

„Јас сум за проширувањето. Но, не на било кој начин. Тоа што сега се прави со Бугарија и Романија, утре ќе им го наплатиме на Балканот и Турција.“

Затоа тој побара да се одложи приемот на Бугарија и Романија до 2008. По минатонеделната посета на една ромска населба во Бугарија, Кохн-Бендит не им поверувал на очите, запрашувајќи се каде исчезнале парите од европската помош.

„Прашајте ја бугарската влада каде се парите. Таа е неспособна да ви одговри!“

Противниците на проширувањето на предвидениот датум, во Европскиот парламент сепак се малцинство, но тие не се откажуваат од притисокот врз Софија и Бугарија.

Шефот на либералната група, британецот Грахам Ватсон предизвика насмевки кога оцени дека се бараат повеќе напори од земјите кандидатите, отколку од самите земји членки.

Сигналот од Стразбур е наменет не само за Бугарија и Романија, туку и за јавното мислење ширум Европа, кое сака да го каже својот збор за проширувањето. Но исто така и за Македонија, Хрватска и Турција, чии извештаи логично се очекуваат да бидат детални.