1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Четири жртви во нападите во Газа

Најмалку четворица Палестинци загинале во воздушните напади на Израел врз цели во појасот на Газа. Жртвите биле припадници на милитантната група Исламски Џихад. Портпарол на израелската армија го потврди нападот. Милитантите од Хамас од друга страна испукаа нови ракети на израелска територија. Во овие напади нема повредени ниту материјални штети. Израелскиот министер за внатрешна безбедност Ави Дихтер во меѓувреме се закани дека ќе биде убиен политичкиот шеф на Хамас, Калед Машал , кој живее во егзил во Сирија.