1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Четири години затвор за романскиот екс - премиер Настасе

Врховниот касациски суд на Романија го осуди денеска поранешниот романски премиер Адриан Настасе на четири години затвор поради земање поткуп.

Одлуката на судот е конечна, а Настасе за кратко време се очекува да биде пренесен во затвор. Таа е донесена по делото, познато под името „Замбакчан“ откако Националната дирекција за борба против корупција во Романија ја обжали пресудата на Настасе за овој случај, донесена во март 2012. година. Тој тогаш беше осуден на три години условна казна за уцена и беше ослободен од обвинението за земање поткуп.

Романскиот суд денеска ја осуди и сопругата на поранешниот премиер, Дана, на три години условна затворска казна за истото дело.

Судот, исто така, одлучи од брачната двојка Настасе да бидат конфискувани и околу 450.000 евра. Според обвинението за делото „Замбакчан“, Настасе во функција на премиер во периодот од 2002. до 2004. година стекнал корист во вредност од околу 630.000 евра.

За време на истрагата е заклучено дека земјиштето на улицата „Замбакчан“ од 700 метри квадратни е купено во 1998. година од адвокатската куќа „Адриан Настасе“ за околу 11.000 евра. реалната вредност на парцелата подоцна била проценета на вредност 25 пати поголема. Семејството Настасе станало сопственик на имотот една година подоцна и изградило четирикатна зграда. Во јуни 2012. година Настасе беше осуден на две години затвор за незаконско финансирање на неговата предизборна кампања за претседателските избори во 2004. година со два милиони долари од државниот буџет. Тој се застрела во вратот кога полицијата пристигна во неговиот дом за да го притвори, но сепак одлежа една третина од казната и беше предвреме ослободен на 18 март 2013. година, имајќи ги предвид неговата возраст и доброто однесување.