1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Четиринаесет години од НАТО бомбардирањето на СРЈ

Во Србија денеска се одбележува 14-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на тогашната СРЈугославија. Според различни проценки, во бомбардирањето се убиени меѓу 1.200 и 2.500 лица, а повредени над 12.500 луѓе.

Нападите врз Југославија почнаа на 24 март 1999 година, врз основа на наредбата на тогашниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, а југословенската влада таа ноќ прогласи воена состојба. Во бомбардирањето кое траеше 78 дена тешко беа оштетени инфраструктурата, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата.

Акцијата што тогашната влада на СРЈ, но и многу странски експерти за меѓународно право ја нарекоа агресија, следеше по неуспешните преговори за решавање на Косовската криза во Рамбује и во Париз, водени во февруари и март 1999 година. За материјалната штета што и' е нанесена на тогашната држава во текот на бомбардирањата, се изнесуваат различни процени.

Flash-Galerie Belgrad Nato Bombardement

Белград по напад на НАТО на 18.04.1999 година (архива)

Тогашните власти во Белград проценија дека штетата изнесува околу стотина милијарди долари и побараа надомест од земјите членки на Алијансата. Групата економисти Г17 ја процени штетата на 29,6 милијарди долари.

Бомбардирањето на Југославија заврши на 10-ти јуни 1999 година, со усвојувањето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ден претходно, во Куманово, претставници на Војската на Југославија и на НАТО потпишаа т.н. Воено-технички договор со кој беше прецизирано повлекувањето на силите на Војската на Југославија од Косово и влегувањето на меѓународните сили во тогашната српска покраина.

Во 2008 година Косово прогласи независност, што Србија се‘ уште не ја признава. Во Брисел, под покровителство на ЕУ, се водат преговори меѓу Белград и Приштина за надминување на недоразбирањата.