1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Четириесет години Ербас

Изминативе 40 години Ербас, најголемиот производител на авиони во Европа, имаше главна улога во еволуцијата на меѓународниот авиотранспорт. Ербас во авионскиот сообраќај понуди решенија кои станаа стандард ширум светот.

Во Финкервердер во Франкфурт се наоѓа погонот за монтажа на Ербас. Во халата се монтира моделот А 380, кој треба да се испорача за неколку недели. Во погонот во Хамбург се конципираат и вградуваат сите кабини за моделите А 380 и А 320. Исто и кај авионите кои се монтираат во Тулуз, кабината се монтира во Хамбург. Торе Пранг, портпаролот на Ербас Германија вели:

„Во различни земји се произведуваат различни делови на авионите. Ние во Германија сме задолжени за трупот на авионот и кабината.“

Усогласување на производствените системи

Airbus 380 auf der ILA

Деловите на авионите Ербас се произведуваат во различни земји

Колегите во Англија се задолжени за крилата, во Франција се произведуваат делови од трупот и од крилата и се конципира пилотската кабина, и исто како во Германија таму се врши завршна монтажа на авионите. Но, најважна задача на колегите во Тулуз е усогласување на системите за производство, вели Пранг:

„Целокупниот менаџмент на нашите производствени системи е од Франција.“

Дека тоа не е едноставно, покажа примерот со А 380. Поради примена на различни ИТ-системи, најголемиот патнички авион во светот беше испорачан со задоцнување, објаснува експертот за авиосообраќај Корт Шеленберг од Хамбург:

„Мрежата не беше ефикасна. Пренесувањето на податоци, прочуените дрва од кабли беа премногу кратки, кои подоцна беа вградени во А 380.“

Во меѓувреме компанијата се справи со проблемите, но сериското производство на А 380 се‘ уште не функционира беспрекорно.

Повеќе специјализирани оддели низ Европа

Airbus Datenaffäre Airbus Deutschland hat Daten seiner Mitarbeiter heimlich ueberprueft

Во Франција се произведуваат делови од трупот, а тие се монтираат во Германија

Од различните европски седишта на Ербас, кои порано беа формирани поради распределба на работата, сега настанаа оддели специјализирани за различни области, смета Шеленберг:

„Навистина има специјалисти, кои се распоредени низ Европа. Тоа секако е јадрото на Ербас...“

Шеленберг зборува за негативното влијание на политиката врз работата на Ербас:

„Многу е негативно за фирмата, кога политиката и‘ пропишува какви одлуки треба да донесе, за што повеќе луѓе во земјата да имаат работа.“

Експанзија на Ербас и надвор од Европа

Ербас веќе преместува делови од своето производство и надвор од границите на Европа, и отвора погони во земји со евтина работна сила. Една од причините е намалување на трошоците, но не само поради тоа, смета Јирген Томас, поранешен инженер во Ербас и творец на А 380:

„Такви програми денес може да се реализираат само глобално. Причината за тоа е што повеќе земји имаат своја индустрија. Тие земји не даваат милијарди за да ја збогатат својата флота, и се откажуваат од нови работни места. Глобалната продажба значи и глобално производство.“

Така од есента во 2008 година почна целосна монтажа на типот А 320 во Кина, во најголем дел наменети за кинескиот пазар.

Автор: Верена Херб/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Трајче Тосев