1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Четвртфинале Германија-Аргентина

Милиони луѓе во Германија до раните утрински часови ја прославуваа победата на домашната репрезентација во осминафиналниот меч против Шведска со 2:0.

Од славјето на улиците во германските градови

Од славјето на улиците во германските градови

Само во Берлин на познатото навивачко собиралиште меѓу Бранденбуршката порта и Столбот на победата имзше повеќе од 750 илјади луѓе . Првата радост за нив стигна веќе во четвртата минута од натпреварот.

Германија експлозивно го почна натпреварот и по првиот гол на Лукас Подолски во 4 минута продолжи да напаѓа. Славјето за првиот гол не беше стивнато и Подолски истокако и при првиот гол во соработка со извонредниот Мирослав Клозе веќе и создаде предност на Германија од два гола .

Вториот гол на Подолски во Алијанц Арената која ќе му биде домашен терен наредната сезона во која ќе настапува за Баерн Минхен , беше круна на супериорната игра на гарманците во тој дел од натпреварот . Имано по 30 минути игра тие имаа десет шута кон голот на извоноредниот шведски голман Искасон а скандинавците само еден. Подолски токму затоа по мечот не сакаше да ги издвои своите заслуги за победата пред оние на соиграчите:

„Дадов свој придонес за да победиме денеска . Тоа е и моја задача како напаѓач. Но победата и припаѓа на екимата а не само мене“

Инаку Шведска играше со играч помалку веќе од 35 минута од натпреварот кога поради втор жолт картон беше исклучен одбрамбениот играч, Теди Лучич . Шведскиот тренер Лагербек иако незадоволен од судењето призна дека Германија овојпат беше подобар противник.

„Германија имаше многу добар старт со постигнувањето на два гола. Не би требало да зборувам многу за судењето , но не можам да кажам дека сум многу задоволен“

Инаку Шведска во второто полувреме имаше шанса да внесе возбуда во натпреварот . Но Хенрик Ларсон го промаши пеналот кој беше досуден врз него во германскиот шеснаесетник. Но тоа беше се бидејќи Германците доминираа на теренот и во вторите 45 минути создаваа шанси и го задржаа водството од 2:0 .

„Презадоволни , воодушевени сме од екипата , како се разигра , како одлично тактички функционираа, потоа од публиката која и нејзината подршка . Сето тоа беше невидена забава“-изјави по мечот германскиот селектор Јирген Клинсман

Во петок следува четвртфиналето во Берлин и тоа против Аргентина . На гаучосите им беа потребни 120 минути да го скршат отпорот на извонредната репрезентација на Мексико, која поведе во вчерашниот второсминафинален меч во Лајпциг . Аргентина брзо изедначи но за победа мораше да чека дури до второто продолжение на регуларниот тек на натпреварот.

Макси Родригез го постигна можеби најубавиот гол на првенството, на тој начин отворајќи го патот за четвртфиналниот дуел на фудбалските дивови.

Германските играчи вчера ја истакнаа почитта кон извонредните Аргентинци , но самодовербата во екипата расте правопропорционално со целите :

„Ние сме биле трипати светски прваци, ние сме биле трипати Европски прваци , играме Светско првенство во својата земја и сакаме да бидеме тука до крајот. Моја цел е да бидеме светски шампиони со оваа екипа . Со секој натпревар растеме со секој натпревар добиваме повеќе самодоверба . Веруваме во нашите шанси “– порача сојузниот тренер Клинсман , на што се надоврзува и Подолски :

„Се е можно . Од секогаш зборував дека секој натпревар е нокаут натпревар. Денеска беше првиот чекор , но мора да следуваат уште три“.