1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Четврто продолжување на притворот за обвинетите од „Пајажина“

Кривичниот совет на Основниот суд 1 во Скопје денеска (21.04.2011) уште еднаш им го продолжи притворот на обвинетите од случајот „Пајажина“, меѓу кои е и сопственикот на телевизијата А1, Велија Рамковски.

default

Со денешната судска одлука во притвор остануваат деветмина од обвинетите и тоа уште најмалку 30 дена, а во куќен притвор останатите петмина. Кривичниот совет по четврти пат им го продолжува притворот на обвинетите, кои се наоѓаат во истражниот затвор во Шутка веќе четири месеци. Сите се осомничени дека како организирана група переле пари и не плаќале даноци и придонеси на државата.

Velija Ramkovski

Велија Рамковски беше уапсен во декември минатата година

Во вторникот (18.04.2011) Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, ги одби како неосновани приговорите поднесени од обвинетите и нивните бранители против обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.

Судот во минатата недела пак одлучи дека останува во сила и мерката за привремено замрзнување и задржување на парични средства на банкарски сметки спрема правните лица во предметот „Пајажина“.

Инаку Транспарентност Македонија во својот извештај за март повторно изрази сомневање за политички мотиви во овој случај, што наиде на жестока критика од страна на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, која обвини претседателката на Транспарентност, Слаѓана Тасева дека е партиски мегафон на опозицискиот СДСМ, која ја брани криминалната пајажина на кланот на Велија Рамковски.

Автор:СН/АТ/миа/макфакс

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM