1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Четвртина од алкохоличарите - дами!

Од 1,3 милиони алкохоличари во Германија повеќе од една четвртина се жени. Зголемување од 170 проценти има кај девојчињата меѓу 10 и 15 години. Се шпекулира дека во постарата група зависнички се високо образовани жени.

default

Алкохолизмот во Германија не е само проблем на мажите.Последните податоци покажаа дека секој четврти зависник од алкохол е - припадничка на понежниот пол.

„370.000 жени во Германија се зависници од алкохолот. Според мене, тоа е премногу! Посебно е застрашувачка зависноста кај децата и младите. Во 2008 година, поради алкохолно труење, во болница завршиле 2004 девојчиња на возраст меѓу 10 и 15 години. Тоа потврдува дека е продолжен трендот на пијанство до кома, во кое поголемиот број се мали девојчиња. Ова особено загрижува, зашто е потврдено дека кој има проблем со алкохолот во младоста, во зрелото доба тешко се справува со него. И кога се гледаат овие ексцесивни

Die Drogenbeauftragte der Bundesregierung, Mechthild Dyckmans

Порастот на алкохолизмот за 170 проценти е карактеристичен за девојчињата до 15 години. Мехтхилд Дикманс, владин ополномоштеник за зависности

пијанства се поставува прашањето: како младите стигнуваат до алкохол, ако се знае дека продажбата до одредена возраст е законски забранета“, прашува Мехтхилд Дикманс, владин ополномоштеник за зависности, според која меѓу 2000 и 2008 година алкохолизмот кај девојчињата до 15 години бележи зголемување за 170 проценти.

По стапките на мајката!

80 отсто од девојчињата на 14 годишна возраст, чија мајка е алкохоличар, веќе имале искуство со пијанство, додека кај момчињата овој процент е 40. Ова покажува дека во ваквите семејства постои поголем ризик децата да ги прифатат веќе видените модели и самите да станат зависници, коментира и професор Михаел Клајн од Католичката висока школа на Северна Рајна Вестфалија, според кого девојчињата се поемотивни, погрижливи и гледајќи ги безизлезните ситуации во домот и самите посегнуваат по шишето.

За жал раширено е и пиењето алкохол во текот на бременоста. Само две од

28.03.2008 projekt zukunft schwangerschaft

Само две од десет жени се откажуваат од алкохолот во текот на бременоста

десет бремени жени во тој период се откажуваат од алкохол. Поради тоа, се’ почесто се раѓаат деца со таканаречен „алкохолен синдром“ кој можеби не е духовен и телесен хендикеп, но е нарушување во однесувањето на детето, дополнува Дикманс, според која карактеристичен е и алкохолизмот за старосната група жени од 40 до 59 години. Иако нема конкретни бројки и се’ е во сферата на шпекулациите, експертите се сомневаат дека со алкохолоизмот се соочуваат повеќе високообразовани и успешни жени, на возраст меѓу 45 и 54 години, отколку оние без дебело „СиВи“. Академски образованите жени честопати имаат 12 грама чист алкохол во крвта, со што директно го зголемуваат ризикот по сопственото здравје.

Алкохолизмот кај жената во иднина ќе биде тема со која експертите повеќе ќе се занимаваат, а до тогаш акцентот бараат да се стави на превентивата - како за младите кои се на прагот на животот, така и за оние кои изоделе поголем дел од патот.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска