1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Четврта рунда преговори за Косово

*

Во Виена зад затворени врати во тек се директните преговори меѓу претставниците на Белград и Приштина со посредство на преговарачката тројка. Воочи четвртата рунда преговори за статусот на Косово, меѓународните претставници одвоено разговараа со претставниците на двете страни. Европскиот претставник Волфганг Ишингер изјави дека разговорите се наоѓаат во „критична фаза„. Станува збор за чувствителното прашање дали Косово ќе стане независно, како што тоа го посакува раководството од Приштина или ќе остане сепак дел од Србија. Епилогот од денешните преговори ќе биде соопштен попладне на прес конференција.