1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Четворица убиени кај Радуша

Четворица убиени во полициска заседа поставена за криминално-екстремистичка група која пренесувала оружје од Косово во Македонија. Министерката за внатрешни работи Јанкуловска вели - нема причина за вознемиреност!

default

Гордана Јанкуловска по претходната акција на полицијата и запленувањето оружје

Полициските специјалци го изрешетале белото комбе откако врз нив бил отворен оган и групата не застанала на повикот од македонската полиција. Меѓу убиените е и познат криминалец, бегалец од затвор, кој одлежувал деветгодишна казна, а еден е од Косово. Останатите се македонски Албанци од месното население.

Насилство нема да се толерира

Инцидентот се случил изутрината во два часот, во планинските превои на македонско-косовската граница, кај месноста околу Радуша, село населено претежно со Албанци. Ова е втора акција на македонската полиција во рок од две недели. Неодамна, кај Блаце беше откриен бункер и земуница со големо количество оружје и

Mazedonische Polizei hat Waffen an der mazedonisch-kosovarischen Grenze beschlagnahmt

Дали има поврзаност на претходниот со новиот случај? Пред две недели беше запленето големо количество оружје и униформи на УЧК

униформи на УЧК. На прашањето на Дојче веле, дали има поврзаност меѓу овие екстремистичко-криминални групи, кои функционираат на северната граница кон Косово, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска одговори:

„Во оваа фаза на истрагата ние не би оделе со поврзување, односно со јавно објавување на информациите околу поврзаноста и дејствувањето на овие екстремистички групи, заради тоа што нашите екипи се‘ уште работат на теренот и работата на документирање на сите потребни аргументи и за овој настан, и за претходните настани. Меѓутоа, оваа акција на полицијата е уште една потврда на она што го говориме во континуитет, а тоа е дека нема причина за вознемиреност кај граѓаните, бидејќи полицијата има целосна контрола на безбедносната состојба. Никакво насилство не може да се толерира и ќе возвратиме најостро на секој обид за нарушување на безбедноста или загрозување на сигурноста на граѓаните.“

Властите се обидуваат да не драматизираат

Полицијата нема загуби, приведени и повредени нема. Албанскиот политички фактор засега не се изјаснува, иако месноста околу Радуша на 15-20 километри од центарот на Скопје, во 2001 година беше позната по јатаците за екс-припадниците на ОНА. Неодамна косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека никакви екстремистички групи не можат да ги нарушат односите со владата во Скопје. Македонските власти се обидуваат да не ја драматизираат безбедносната ситуација и ги маргинализираат соопштенијата на некаква ново појавена ОНА-групација.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM