1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Четворица мртви во несреќа во САД

Трагедија за време на концерт во американската сојузна држава Индијана. Под силен налет на ветар се урна бината, под која настрадаа најмалку 4 луѓе, а десетици се повредени.

default

Четири лица загинаа a најмалку 40 се повредени кога под налет на силен ветар се урна сцена во Индианаполс, главниот град на сојузната американска држава Индиана, само неколку минути откако почнал концерт на кантри музика. Очевидците велат дека имало ветар и почнал да паѓа дожд.

Очевидци велат дека целата бина се урнала, а гледачите се обиделе да го сопрат нејзиното уривање за да можат притиснатите да се извлечат.

Според полицијата, бројот на загинати и повредени може да се зголеми. На местото на несреќата се наоѓаат службите за итна помош работа.

Сличен инцидент се случи пред помалку од еден месец во канадскиот град Отава, на музичкиот фестивал „Отава Блуз Фест“.

Автор: БГ/TT/макфакс

Редактор: Трајче Тосев