1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Честитки од Шили за германските олимпијци, Штајнбах задоволен од оствареното

„Златниот“ германски кајак-четирисед, предводен од 42-годишната Биргит Фишер, која во Атина го освои својот 8-ми златен олимписки медал

„Златниот“ германски кајак-четирисед, предводен од 42-годишната Биргит Фишер, која во Атина го освои својот 8-ми златен олимписки медал

Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Ото Шили, во чија надлежност е и врвниот спорт, му честита на олимпискиот тим: 48-те освоени медали севкупно се многу добар резултат – рече министерот. Тој истовремено наведе дека е пожелна промена во структурата на организацијата на германскиот спорт. Од пред извесно време се зборува за можна фузија на Германскиот сојуз на спортови и НОК (Националниот олимписки комитет).

Клаус Штајнбах, претседател на германскиот НОК, го сведе првиот биланс на настапот на германските спортисти на олимпијадата во Атина: “Голем дел од очекувањата се исполнија. Ако го погледаме севкупниот биланс, резултатот одговара на она што го наведов како цел. Според вкупниот број на освоени медали сме на 5-то место. Не го достигнавме бројот од 56 медали освоени во Сиднеј, но имавме многу добри пласмани во финални натпревари. Не треба да заборавиме дека се тоа спортисти што спаѓаат меѓу најдобрите во светот, меѓу првото и осмото место. Секој кој критикува пласман на олимпијадата на 5-то, 6-то или 7-мо место, би требало да се обиде да оствари споредлив резултат во својот живот”.

Штајнбах генерално носи убави впечатоци од игрите во Атина: “Атина и нејзиниот Организационен комитет и сите кои работеа на олимпијадата го демантираа светот, сите негодувања се покажаа како неоправдани. Атина – Организациониот комитет заедно со Меѓународниот олимписки комитет – овде реализираа извонредни и безбедни игри. Безбедноста е нужна за нас – таа не штити како спортисти и персонал за нивно згрижување, но и присутните гледачи. Безбедноста не беше оптоварувачка, туку добро функционираше, сообраќајот исто така, а спортските борилишта функционираа извонредно. Посебно би сакал да ги истакнам пред се‘ доброволците кои извонредно и со страст се ангажираа, иако на аматерска основа, беа љубезни и секогаш расположени да ни помогнат во изминатите 4 недели – во 16-те натпреварувачки денови и во двете недели на подготовки, и заслужија посебна благодарност од германскиот олимписки тим” – нагласи Клаус Штајнбах.