1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Честитки од Оланд и Ван Ромпој до Меркел

Францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпој ѝ честитаа на победата на Ангела Меркел и се радуваат на натамошна заедничка соработка.

Францускиот претседател, социјалистот Франсоа Оланд прв ѝ честиташе на канцеларката Ангела Меркел за успехот на демохристијаните на парламентарните избори. Како се вели во соопштението на претседателската служба од Париз, и Меркел и Оланд ја потврдиле желбата за „натамошно продолжување на соработката за совладување на новите предизвици во изградувањето на Европа“.

Како пренесува агенцијата ДПА тие понатаму се заложиле за „неуморно работење во приближувањето меѓу Франција и Германија“. Францускиот претседател ја поканил канцеларката Меркел да го посети Париз, веднаш по конституирањето на новиот кабинет.

„Јас сум сигурен дека Сојузна Република Германија и нејзината нова влада и натаму ќе се ангажираат и ќе придонесат во создавањето на мирна и економски успешна Европа која ќе биде од полза на сите граѓани“, се вели и во изјавата на претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпој, кој од Брисел и ја честиташе победата на Меркел.