1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Честа спасена на крајот – злато за германскиот осмерец

За прв пат по 11 години германскиот осмерец повторно се избори за златен медал на светското првенство во веслање. Во финалната трка на патеката на езерото Дорни кај Итон германските веслачи беа побрзи од Италијанците, бронзата му припадна на американскиот осмерец. „Мислам дека ова дојде во вистинско време како стартен поттик за олимпијадата 2008-ма година“ – оцени сојузниот тренер на веслачите Дитер Гран.

Ова беше единствениот златен медал за германските претставници во Итон. Тие освоија уште и 4 сребрени и еден бронзен трофеј.