1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Чесите ја сакаат својата круна

Кризата со еврото го потемнува неговиот сјај. Ставот околку неговото воведување во новите членки на ЕУ е различен. Особено кај Чесите постојат многу двојби во однос на европската заедничка валута.

default

Чешката круна според граѓаните не треба да се менува за евро

Во центарот на чешкиот главен град, Прага. На прашањето дали би сакале воведување а еврото, од мнозинството Пражани го добиваме истиот одговор.

„Не, не е доволно стабилно“, вели еден граѓанин.

„Воведување на еврото? Не“, исто така мисли и една постара жена.

Прашање-зошто?

„Премногу ми е несигурно“.

Како својата круна, Чесите го сакаат и своето пиво. Традициите-сопствена валута и сопствено пиво успешно одат една со друга. Веќе 20 години малата пивара Бернард-како и целата Чешка, претставува успешна приказна. Многуте одликувања на пиварата меѓутоа не се никаква гаранција за пребродување на економската криза присутна во целата Европа.

„Сегашната ситуација со еврото не‘ засега и нас, иако се‘ уште ја имаме круната. Ако кризата во еврозоната се заостри, ќе не‘ погоди и нас, зашто економски сме тесно поврзани. Тогаш е сеедно дали го имаме еврото или не“, истакнува Станислав Бернард, сопственик на пиварата.

Die Prager Burg

Владата во Прага се води од јавното мислење

Засегната е и фирмата Гересхајмер. Диселдорфското претпријатие произведува пластични делови за медицински апарати. Предност на местото на продукцијата-ниските плати во однос на Германија. Фирмата работи во три смени, 24 часа седум дена во неделата. Ниските плати се предност, но за раководството круната е неповолност. Се извезува стока во вредност од 46 милиони евра годишно, постојано се пресметува од една во друга валута.

„Менувачкиот курс има последици врз нашата работа, зашто извезуваме во еврозоната, па сме подложни на осцилациите на курсот, што некогаш ни носи загуби од 150 илјади евра месечно“, вели Хелмут Швајгер, раководител во фирмата.

Чешкото извозно стопанство значи би профитирало од воведувањето на еврото. Но, се‘ додека јавното мислење е против, владата останува цврсто на круната.

Прилогот можете да го видите и како Видео на денот!

Автор: Карл Харенброк/ Ж.Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски