1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Червар на клупата на „светот“ на збогувањето на Бранд

Тренерот на скопски Металург Лино Червар ќе ја предводи селекцијата на светот, на прошталниот натпревар на поранешниот селектор на Германија, Хајнер Бранд.

default

На 3-ти јуни, во САП Арена во Манхајм пред 14. илјади гледачи, под мотото „Една легенда вели збогум“, ќе се одржи најголемиот ракометен спектакл во историјата на германскиот ракомет. За големите заслуги за спортот во Германија, на некогашниот селектор Хајнер Бранд, ќе му биде приреден проштален натпревар во кој ќе настапат селекциите на Германија и Светот. Лична желба на Хајнер Бранд била селекцијата на светот да ја предводи токму Лино Червар, кој со задоволство ја прифати поканата.

„Со особено задоволство ја прифаќам Вашата покана ја предводам светската селекција на ракометни ѕвезди, на ракометниот спектакл по повод заминувањето на мене драгиот и ценет колега, големиот и успешен тренер“, се наведува во одговорот на Лино Червар до организаторите.

Handball Kroatien / Lino Cervar

Лино Червар

Хајнер Бранд кој, во периодот од 1997 до 2011 година, точно 5.293 дена беше селектор на германската национална селекција ќе состави тим во кој, освен сегашните репрезентативци на Германија, ќе се појават и поранешни германски легенди: Маркус Баур, Даниел Стефан, Штефан Кречмар, Хенинг Фриц и други.

Најголемиот успех на Бранд на клупата беше освојувањето на светската шампионска титула во 2007 година, со што стана еден од ретките кои успевале да се закитат со титулата и како играч и како тренер.

Лино Червар во својата селекција ќе ги има Ивано Балиќ, Никола Карабатиќ, Иван Нинчевиќ, Икер Ромеро, Бјарте Мирхол, Мајкл Кнудсен, Мaтијас Андерсон и други. Постои можност во составот да бидат и поранешни мега ѕвезди како Кјунг-Шин Јон, Талант Душебаев, Магнус Висландер и други. Предвидениот спектакл ќе трае три часа а гледачите ќе ги забавува познатата музичка група „Die Hohner“.