1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Челзи во шок, „Барса“ во финале

Барселона е вториот финалист во Лигата на шампионите. Шпанската екипа на 27 мај во Рим ќе се спротивстави на актуелниот носител на титулата Манчестер Јунајтед. Вечерва се играат двата полуфинални меча од Купот на УЕФА.

default

Од натпреварот Челзи -Барселона

Фудбалерите на Барселона се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, откако синоќа на реванш-натпреварот со Челзи во Лондон играа 1:1. Првиот меч меѓу двете екипи на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона заврши без голови, па така шпанскиот тим стигна до финалето благодарејќи на постигнатиот гол на гостински терен. Барселона меѓутоа мораше да стравува се’ до третата минута од судиското продолжение на натпреварот кога Андрес Инјеста предизвика шок на стадионот „Стенфорд бриџ“ во Лондон. Претходно Челзи во водство го доведе Мајкл Есјен со прекрасниот гол во деветата минута од мечот.

Барселона на 27 мај во Рим за титулата европски клупски шампион ќе се бори со бранителот на титулата Манчестер Јунајтед, кој во полуфиналето убедливо со две победи елиминира уште еден лондонски тим, Арсенал. Дуелот на втората полуфинална двојка беше многу позанимлив иако на првиот натпревар немаше голови. Затоа пак реваншот изобилуваше со возбудувања.

Големи возбудувања се очекуваат денеска и во реванш полуфиналните натпревари во Купот на УЕФА. Едно е уште од сега јасно: финалето дефинитивно ќе биде германско- украински дуел. Имено во едното полуфинале играат два украински тима Динамо Киев и Шахтјор Доњецк, а во другото два германски - Хамбургер и Вердер. Екипата на Хамбургер влегува со голема предност на реванш натпреварот на домашен терен со оглед дека во првиот меч во Бремен славеше со 1:0. И Шахтјар обезбеди добра стартна позиција пред реваншот на домашен терен откако во Киев играше нерешено.

Автор: СН/дв

Редактор: Александра Трајковска