1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Челзи во финалето по неверојатната победа над Барселона

Англичаните го симнаа европскиот првак од тронот по извонредните 90 минути на Камп Ноу. Нивниот противник во финалето ќе биде познат вечерва по дуелот на гигантите Реал и Бајерн

Екипата на Челзи е првиот финалист во фудбалската Лига на шампиони, откако синоќа во реванш полуфиналниот напревар одигран на „Камп Ноу“ остана непоразен во дуелот со бранителот на титулата во ова натпреварување Барселона. Конечниот резултат беше 2:2, иако домаќините имаа водство од 2:0 и играч повеќе речиси еден час.

Каталонците со голот на Серхио Бускетс во 35. минута ја анулираа негативата од 1:0 по првата средба во Лондон, а само две минути подоцна имаа и предност од играч повеќе откако Џон Тери заработи црвен картон. Во завршницата од првиот дел, Барселона со голот на Андрес Иниеста поведе со 2:0, но во судиското надополнение Рамирес успеа да намали на 2:1, резултат кој го носеше Челзи во финалето.

На почетокот на вториот дел Барселона преку Лионел Меси пропушти голема можност од пенал да зголеми на 3:1, но неговиот удар заврши во пречката од голот на Петар Чех. Иако Барселона постојано се обидуваше да стигне до трет гол и предност од плус два која за Шпанците значеше финале, Челзи успешно одолеваше на нападите, за во последната минута од натпреварот Фернандо Торес да го постави конечниот резултат 2:2.

Symbolbild Bayern München Real Madrid

Марио Гомез (Бајерн М)

Кој ќе биде противник на Челзи во финалето ќе биде познато вечерва (20:45 во Мадрид) по одигрувањето на вториот натпревар од полуфиналната рунда меѓу екипите на Реал Мадрид и Бајерн Минхен. Германскиот тим ќе стартува со предност од 2:1 остварена на првата средба.

Финалето е закажано за 19 мај во Минхен на „Алијанц Арената“, стадион на кој домаќин е Бајерн.