1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Чекор напред за коридорот 8

Европската банка за обнова и развој обезбедува 46.,4 милиони евра за финансирање на модернизацијата на 30-те километри од Куманово до Бељаковце, дел од македонскиот железнички коридор 8.

Македонија и официјално доби 46,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, со коишто од почетокот на следната година ќе почне реконструкција на делницата Куманово – Бељаковце, од пругата што треба да ја поврзе Македонија со Бугарија. Каматната стапка за кредитот за коридорот 8 моментално изнесува 1,7 проценти. Со проектот е опфатен дел од пругата во должина од 30,8 километри. Градбата ќе започне наредната, а ќе трае до 2017-та година.

Железничката пруга кон Бугарија конечно реалност

Работите ќе ги координираат Министерството за транспорт и врски и ЈП Македонски железници Инфраструктура.

Според македонскиот вицепремиер Зоран Ставрески, железничката пруга кон Бугарија конечно ќе стане реалност, а бенифитите ќе бидат зголемена конкурентност на Македонија, пониски трошоци за транспорт и алтернативна транспортна рута за стопанството.

Zoran Stavreski Vize Ministerpräsident Mazedonien

Македонскиот вицепремиер Зоран Ставрески

„ По 20 години ветувања и почнати и нереализирани проекти, односно почнат проект што не беше реализиран до крај и претставуваше само загуба на средства, конечно оваа Влада обезбеди финансии за реализиција на еден од најзначајните транспортни коридори за железничката пруга од Куманово до Бељаковце, а во продолжение и делот од Бељаковце до Крива Паланка и од Крива Паланка до границата со Република Бугарија. Тоа ќе овозможи да се подобри конкурентноста на Македонија, да се обезбеди транспорт на стоки и луѓе со пониски трошоци, како и уште една алтернативна транспортна рута за македонските производители и компании“, рече Ставрески по потпишувањето на договорот со претставниците на ЕБОР.

Побрз пристап до пристаништат во Црно Море

„Ставањето во функција на железничкиот коридор 8 ќе и овозможи на Македонија пократка рута до пристаништата на Црното Море. Со тоа се очекува да се стимулира и регионалната економија, бидејќи протокот на транспортот ќе биде полесен", изјави Сју Барет, директор за транспорт во ЕБОР.

Натамошниот развој на овој транспортен коридор ќе го поврзе Црното Море во Бугарија со Јадранското море во Албанија.

„Завршувањето на изградбата на железничката пруга, ќе биде од полза за индустријата, трговијата и генерално населението, не само во Македонија, туку и во целиот регион ", истакна Клаудио Виецоли, Директор за Западен Балкан на ЕБОР.