1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Чекор назад за демократијата во Авганистан

Изборите во Авганистан се проследени со обвинувања за изборни манипулации. Какви последици може да има ваквиот изборен процес за натамошната стабилизација и демократизација на земјата?

default

Главната надеж на Западот: претседателот Хамид Карзаи

Меѓународната заедница имаше навистина големи очекувања од Хамид Карзаи. Тој беше профилиран во клучна фигура на мировниот процес од Петерсберг и требаше на Авганистан да му донесе мир, безбедност и демократија. Земјата, меѓутоа, не стана ни помирна, ниту, пак, подемократска. Во таа насока не придонесоа, за жал, ни неодамнешните претседателски избори. Токму главната фигура на процесот на демократизација - претседателот Карзаи се наоѓа под обвинување за изборни манипулации. За многумина Авганистанци тоа сигурно не е никакво изненадување, бидејќи него и неговиот тим веќе подолго време не ги бие добар глас. Се` почести се обвинувањата за корупција и непотизам, за блискост со круговите кои се занимаваат со трговија со дрога - списокот обвинувања е многу долг. Манипулации на изборите би биле сосема логично продолжение на ваквото реноме.

Лош сигнал за демократијата

Ваквиот впечаток е опасен, бидејќи ја урива довербата на населението во демократијата како систем. Сите оние кои собраа храброст да излезат и да го дадат својот глас

Hamid Karsai überlebt Anschlag durch Taliban

Добро чуван претседател: Карзаи по преживеаниот атентат

наспроти заканите од талибанските бутновници сега веројатно се чувствуваат измамени. Дури и доколку се покаже дека изборните маниплуации бројчано не ја надминуваат предноста на Карзаи пред неговите соперници на изборите, сепак, останува голема дамка на честа на идната влада на Авганистан.

Ова е секако лошо и за меѓународните поддржувачи на Карзаи, како САД, Велика Британија, или Германија. Сите тие би сакале уште денес да можат да кажат кога ќе ги повлечат трупите од Авганистан. Но, предуслов за таквиот чекор е создавање стабилна авганистанска влада со веродостоен претседател, која ќе може да ја преземе потполно одговорноста за борбата со востаниците и за безбедноста во сопствената земја.

Уште едно буре барут

Затоа, засега не станува збор за конкретни термини за повлекување на странските трупи. Авганистан останува и натаму буре барут, чија експлозија не може да се стави под контрола. Со тоа земјата нужно останува и протекторат на НАТО. Поради таквиот статус, за одговорноста за нерегуларностите во изборниот процес мора да се запрашаат себеси и странските поддржувачи на владата на Карзаи. Не можеа ли тие да сторат нешто за да нема толкави изборни манипулации? Во овој контекст пофалбата на набљудувачите на ЕУ дека изборите минале во, начелно, позитивна атмосфера е, благо речено, избрзана.

Информациите за изборни манипулации секако добро ќе им дојдат на талибанците, а и претседателот на соседен Иран, Махмуд Ахмадинеџад, веројатно задоволно ќе ги

Treffen Ahmadinejad und Karsai in Kabul

Претседателите Хамид Карзаи и Махмуд Ахмадинеџад при средба во Кабул

трие рацете. Тој сега може да го критикува Западот за двоен аршин кога станува збор за критиката за изборни нерегуларности. За манипулациите при претседателските избори во Иран, имено, на Западот се крена голема прашина.

Што натаму?!

Дали сето ова менува нешто во однос на стратегијата на Западот кон Авганистан? Не! Не постои алтернатива за продолжување на процесот на демократизација, обнова и помирување во земјата. Особено не, ако не сакаме да ги соочиме со темна иднина оние 50% од Авганистанците со право на глас кои храбро излегоа на избори. Штета е само што изборите пред три недели не беа чекор напред во таа насока, туку повеќе назадување!

Автор на коментарот: Сибиле Голте

Превод: Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска