1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Чекор кон помирување

Турција и Ерменија работат на подобрување на меѓусебните односи. Во заедничкото соопштение се најава воспоставување дипломатски односи во наредните шест недели. Голем позитивен чекор во правец на помирување.

default

Абдула Ѓул за време на посетата на Ерменија

Позитивниот пресврт во историски меѓусебно скараните земји Турција и Грција го овозможи катастрофалниот земјотрес во август 1999. Патот кон мирољубива коегзистенција водеше преку хуманитартната помош и дијалогот меѓу тогашните министри за надворешни работи Абдула Ѓул и Јоргос Папандреу. За пресвртот во турско-ерменските односи, фала Богу, не придонесе природна катастрофа, туку меѓудржавен фудбалски натпревар. Ѓул, сега како шеф на државата, лани во септември отиде во Ереван, главен град на Ерменија, и го следеше натпреварот седејќи во ложа заедно со ерменскиот претседател Серж Саркисјан. Тоа беше демонстрација на подготвеноста на дијалог за меѓусебниот спор и за мирољубив пресврт.

Фудбалската дипломатија успешна

Реваншот ќе се игра на 14 октомври во Бурса. Се’ уште не е потврдено дали Саркисјан ќе дојде на средбата. Но, затоа пак, многу знаци говорат дека Анкара и Ереван, по првиот голем чекор кон мирољубива коегзистенција, ќе направат и наредни. Големи надежи за отворање на меѓусебната граница и за обнова на дипломатските односи, прекинати во 1993, раѓа веќе и објавувањето на подготовката на протокол за тоа, со посредство на Швајцарија. Турција тогаш ги прекина односите како казна за Ерменија, поради нејзиното навлегување Нагорно Карабах и окупацијата на тоа подрачје на „братскиот народ“ на Азербејџан, која трае до денес.

Präsident Abdullah Gul und der armenische Präsident Serge Sargsyan 2008

Претседателите на Ерменија и на Турција Абдула Ѓул и Серж Сагасјан

Конечно може да се забележи готовност кај Турција и Ерменија за напуштање на максималистичките позиции. Клучно прашање е дали Турција ќе прифати дека протерувањето на стотици илјади Ерменци во 1915 - 1916 година, за време на Првата светска војна, било „геноцид“. Дијалогот би можел да доведе до востановување меѓународна комисија од историчари, која би ги анализирала меѓусебните префрлувања за масакри, протерувања и геноцид и би дошла до резултат прифатлив за обете страни.

Досегашниот турски став исклучуваше попуштање во политиката кон Ерменија. Анкара поставуваше услов Ерменците да се откажат од прекорите за геноцид, да и’ стават крај на окупацијата на Нагорно Карабах и да им овозможи враќање на стотици илјади протерани Азербејџанци. За турските националисти повод за силен отпор против новата турска политика кон Ерменија е и убиството на 37 турски дипломати во 70-тите и 80-тите години на минатиот век во напади од ерменската терористичка група АСАЛА во целиот свет.

Пепелта да биде оставена во минатото

Ова е век на обработка на злосторствата во многу земји на Европа; некои од нив уште во претходната деценија на Балканот им нанесоа на луѓето неописливи страдања. Може само да биде добро, ако се зборува за доживеаното страдање, ако тоа трајно се обработи и модерните држави, со позитивни перспективи за иднината, преку смели чекори ја остават пепепелта во минатото, а огнот на надеж им го предадат на наредните генерации.

ЕУ секако ќе го поздрави дијалогот меѓу Турција и Ерменија. Можеби за десет или 15 години ќе се покаже шанса тие две земји, дури и со Азербејџан и Грузија, во еден потег да бидат вклучено како натамошни членови на семејството на европски вредности. Тие четири држави, заедно и со Украина, се членови на Советот на Европа, што докажува дека ЕУ, во смисла на нејзините основачи, не е географски, туку политички поим. Тоа го кажа и Валтер Халштајн, прв претседател на Комисијата на поранешната Европска Економска Заедница, при потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Турција во 1963 година.

Автор на коментарот: Бахаедин Гингер

Превод: Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска