1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Чекор кон Брисел-усвоен Законот за Собранието

Пратениците во македонскиот парламент го усвоија Законот за Собранието (17.08.2009), но не со консензус, како што бараше Брисел, туку со Бадентерово мнозинство.

default

Законот е еден од условите за приближување кон ЕУ

За Законот гласаа 73 пратеници, шестмина беа против, и ниту еден воздржан. Законот е донесен без консензус, кој претходно беше побаран од Брисел и тоа само со гласовите на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ. Исходот од вчерашната седница покажа дека профункционира коалицискиот договор бидејќи ВМРО ДПМНЕ го прифати барањето на ДУИ, Законот да се носи со Бадентерово мнозинство, што претходно не беше договорено.

Дел од опозицијата, а особено пратениците на ЛДП, реагираа дека Собранието е заложник на „политичкото инаетење и пазарање“, а одделни пратеници упатија на тоа дека Законот може да падне пред Уставен суд. „Овој закон го крши непосредно самиот Устав на државата и Рамковниот договор со кој се предвидува употреба на јазикот на населението кое е повеќе од 20 отсто во државата. Во ставот 2 од амандманот 5 е кажано дека службен јазик различен од македонскиот е и јазикот на наслението кое претставува над 20 отсто од населнието“, изјави на седницата Имер Селмани од Нова демократија.

Еден од условите од Брисел

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt

Законот за Собранието е еден од трите закони што ги бара Брисел со цел Македонија наесен да добие позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Со законот за Собрание, како што стои во образложението, се зајакнува контролата на Собранието на Република Македонија врз извршната власт, особено во однос на извршувањето на законите, што како можност не беше целосно уредена и практикувана од страна на Собранието.
Непосредно пред носењето на Законот за Собранието, како што претходно најави, Парламентот го напушти Демократската партија на Албанците. Пратеникот од оваа партија Имер Алиу рече дека во Собранието се занемарува политичката волја на Албанците.

Автор: ЖА/ТТ/макфакс/миа

Редактор: Александра Трајковска