1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Чевли како уметнички дела

Чевлите на францускиот дизајнер Кристијан Лубутан и по својата цена и по популарноста веќе одамна се стекнаа со статус на култни објекти. До 9 јули тие можат да се видат и на изложба во лондонскиот Музеј на дизајнот

default

Неговите чевли имаат имиња како „Маги“ или „Леди Корсет“, а нивните сопственички мора да знаат да одат на вртоглаво високи потпетици. И не е само убавината причината што на луѓето им застанува здивот при погледот врз нив, туку и нивната цена: еден пар чини и повеќе илјади евра...

Кристијан Лубутан е еден од најпопуларните дизајнери на чевли во светот.

„Чевлите се само еден многу мал елемент кои се ставаат на ногата, но кога еднаш ќе се обујат, тие го менуваат целото тело и говорот на телото. Поради нив телото зрачи на посебен начин. Затоа, кога ќе облечете чевли, не само што тие го менуваат вашиот став, туку ве прават и посвесни за вашето тело. Чевлите почнуваат од стопалото, но завршуваат во главата“.

Но што е тоа што толку ги фасцинира жените кај неговите чевли?

Christian Louboutin

Кристијан Лубутан

Дона Ловдеј, кустос на лондонскиот Музеј на дизајнот: „Кога првпат почнав да работам на изложбата, знаев дека постои голем интерес за работата на Лубутан, но не бев подготвена на целосна опседнатост со неговите чевли. Во текот на моите истражувања разговарав со жени кои поседуваат модели на Лубутан или се негови големи обожувателки и ги прашав зошто толку ги сакаат неговите чевли. Ми наведоа голем број причини- некои на пример, чевлите на Лубутан ги носат на бизнис состаноци затоа што ги прават повисоки, па со нив се израмнуваат со своите машки соговорници“.

Жените сонуваат за „Лубутан“

До 9 јули Музејот на дизајнот во Лондон не ги претставува само најубавите чевли на Лубутан, туку и неговото фиктивно ателје и процесот на производство.

Кристијан Лубутан, како и модните дизајнери, креира летни и зимски колекции. По сезона се произведуваат околу 150 прототипови. Без разлика на тоа колку се различни, на сите им е заедничко тоа што го носат заштитниот знак на дизајнерот. Неговите модели често се копираат, но оригиналот е само еден.

Flash-Galerie High Heels

Со повеќе од 200 рала чевли, мнозинството од приватните колекции на 49-годишниот дизајнер, музејот во Лондон ја претставува дводецениската работа на Лубутан. Музеи од повеќе страни на светот веќе се огласија со желба да бидат домаќини на слични изложби.

„20 години се краток период доколку го сакаш она што го работиш. Тоа минува за момент. Како викенд- ќе минеш убав викенд, ти се допаѓа некој добар филм кои трае три часа, но доколку навистина го сакаш, го сакаш секој момент од него и времето ти минува далеку побрзо“, вели Лубутан.

За креациите на Лубутан на изложбата во Лондон може буквално само да се сонува. Таму, имено, не може ништо да се купи, за некои е тоа вистинска среќа, додека за други- голема тага.