1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Чад – ослободување

*

Седумина од уапсените европски хуманитарци поради наводен обид за киднапирање деца во Чад се пуштени на слобода. Тројцата француски новинари и четири члена на шпанската посада на авионот со кој требаше децата од Чад да бидат префрлени во Франција се вратија во Париз во придружба на францускиот претседател Николас Саркози. Саркози претходно разговараше со политичкото раководство на Чад во Нџамена.

Саркози најави натамошни интензивни напори за ослободување и на преостанатите членови на хуманитарната организација „Архе де Зое„ кои се под обвинение дека се обиделе да киднапираат околу 100 деца од Чад.