1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Чавез сака реизбор на Обама

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез изненадувачки се изјасни за реизбор на Барак Обама на претседателската функција во Соединетите Американски Држави.

Во телевизиско интервју Чавез изјави дека тој би гласал за Барак Обама кога би бил Американец. Чавез додаде дека претпоставува дека и Обама би гласал за него на претстојните претседателски избори во Венецуела. Чавез на 7 октомври ќе се бори за нов мандат како шеф на државата. Тој изрази увереност како во сопствената победа на изборите, така и во победата на Демократите на гласањето за претседател на САД. „Потоа двете земји би можеле да започнат нова ера на нормални билатерални односи“, истакна Чавез, кој е еден од најострите критичари на Соединетите Американски Држави.

Од друга страна, во главниот град на Венецуела демонстрираа стотици илјади приврзеници на опозицијата кои му порачаа на Чавез да не се гледа себеси како доживотен претседател. Предизвикувачот на изборите на 7 октомври Енрике Каприлес порача дека тоа биле најголеми демонстрации во Каракас во последниве години.